Не е новина, но кулминира начинот на кој политичките елити во земјава го употребуваат спорот за името за дневно-политички, популистички и партиски цели со тоа покажувајќи јасна неподготвеност да се соочат со проблемот, да постигнат заеднички договор и да го водат кон негово надминување.
Препукувањата меѓу Црвенковски и Груевски во деновите по самитот во Чикаго покажува само продолжување на тенденцијата на префрлање на вината за досега нерешеното прашање.
„Не очекувам дека ова ќе им помогне да соберат храброст и да се соочат со проблемот и да го решат. Јас повеќе на ова гледам како на начин на собирање на политичка муниција за евентуални идни изборни циклуси“, вели аналитичарот Алберт Муслиу.
Подготвеноста да се соочат со проблемот оди заедно со храброста да се претрпи политичка штета, а тоа ниедна политичка елита во земјава којашто во одреден период била во состојба да се занимава со проблемот и да помогне тој да се придвижи нанапред, таа храброст ја нема, велат експертите. Политичките лидери од најголемите политички партии кои во целата историја на спорот се менуваат на власт, треба да постигнат консензус и да влезат во преговори на заедничка основа, вели професор Ивица Јосифовиќ.
„Меѓутоа она што го покажуваат во моментов двајцата лидери е високото ниво на егоизам, значи премногу се задоволни од самите себе за она што го направиле или не го направиле, односно што го направил другиот за сметка на интересите на Македонија, така да тие не может да најдат заеднички јазик кој во моментов би можел да се спроведе за решавање на клучните државни интереси.“
Можните реперкусии од продолжената внатрешна битка на политичките фактори околу спорот за името ќе се видат штом Грција ќе успее да формира Влада кога процесот ќе се отвори повторно, додава професор Никола Дујовски.
„Дека ова не треба да се случува сме укажувале многу пати наназад. Политичарите наоѓаат различни начини да се пресметуваат меѓусеби и да остваруваат поени. За жал од сето тоа Република Македонија нема да добие ништо.“
Со оглед на тоа дека власта ја има главната одговорност, секоја од политичките елити кои за нерешениот спор за името го бараат виновникот на другата страна, досега ја имала власта и можноста да постигне резултати во неговото надминување.
Во крајна линија, заедничката линија на која се движат, одлуката да заврши со гласање на референдум ја наметнува потребата и ја олеснува атмосферата за постигнување на заеднички договор доколку постои минимум подготвеност за тоа. Сепак, тие и натаму се решаваат за нападот како најдобра одбрана, коментираат експертите.
Не очекувам дека ова ќе им помогне да соберат храброст и да се соочат со проблемот и да го решат. Јас повеќе на ова гледам како на начин на собирање на политичка муниција за евентуални идни изборни циклуси.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
Препукувањата меѓу Црвенковски и Груевски во деновите по самитот во Чикаго покажува само продолжување на тенденцијата на префрлање на вината за досега нерешеното прашање.
„Не очекувам дека ова ќе им помогне да соберат храброст и да се соочат со проблемот и да го решат. Јас повеќе на ова гледам како на начин на собирање на политичка муниција за евентуални идни изборни циклуси“, вели аналитичарот Алберт Муслиу.
Меѓутоа она што го покажуваат во моментов двајцата лидери е високото ниво на егоизам, значи премногу се задоволни од самите себе за она што го направиле или не го направиел, односно што го направил другиот за сметка на интересите на Македонија, така да тие не может да најдат заеднички јазик кој во моментов би можел да се спроведе за решавање на клучните државни интереси.Ивица Јосифовиќ, универзитетски професор.