Министре, чувствувате ли одговорност за исходот од Самитот во Чикаго?
Гледано од тоа што предвидува Самитот, можам да кажам не е надвор од очекувањата. Ние знаевме дека не е предвиден самит за проширување и дека нема да има покана за Република Македонија без решение за името. Претпоставувам вашето прашање е во однос на тоа дали можеше во овој период да се направи нешто повеќе за да може Република Македонија да добие покана за членство во НАТО. Направивме се што беше можно и во контакт со земјите членки на НАТО и во директни контакти со колегите од Република Грција. И во тој поглед гледано во однос на поканата, таа не беше цел сама по себе и нема да биде цел сама по себе. Туку целта на Република Македонија се евроатланските интеграции, Македонија да биде кредибилен партнер, да продолжи со реформите и да го дава својот придонес кон меѓународните мисии и токму реченици за признание за реформите што Македонија го прави и е благодарност во тоа што Македонија го дава во меѓународните мисии, го има во самиот заклучок, односно во декларацијата на земјите членки на НАТО.
Од опозицијата неодамна можеше да се чуе дека вие како партија ги држите клучните ресори и дека на некој начин треба да им се извините на Албанците за неуспехот во интеграциите, и европските и евроатлантските.
Мандатот не е завршен, народот гласа на четири години, тоа е прво. Второ, како што кажав, самитот на НАТО во Чикаго не беше самит за проширување и не може да се оцени како неуспех. НАТО и евроатлантските интеграции се процес. Трето, ние во овој период интензивно работевме на адресирање на отвореното прашање што се уште стои пред официјалната покана за членство на Македонија во НАТО. Во овој период се соочувавме со ситуација да немаме континуиран партнер за надминување на тоа отворено прашање. Мислам дека од оваа гледна точка може да се види одговорот дека ние не сме изневериле никого од нашите гласачи затоа што интензивно работевме во овој период, а ќе продолжиме уште поинтензивно да работиме и во наредниот период. Не сакам да пристапиме наивно кон ова прашање, тоа е комплексно прашање што трае 17 години и секоја партија, дали е на власт или во опозиција, имала шанса да го реши во својот мандат.
Имавте ли и вие чувство дека Македонија во Чикаго не доби доволно поддршка од големите сили?
Јас би рекол дека на овие државни функции, како министер за одбрана јас немам право да изложам свои емоции, туку јас сум задолжен во однос на тоа што граѓаните ми довериле, изразиле доверба и го очекуваат од нас, тоа е да го заокружеме овој процес на евроатлантски интеграции, така и ќе продолжам. Значи ние направивме се што беше можно во овој период, ќе продолжиме и понатаму. И тоа што се правила на игра, односно тоа што треба да се исполни, ние максимално ќе бидеме посветени, но тоа да биде на еден начин што би се одразиле интересите на Република Македонија, односно граѓаните да бидат задоволни од тоа што ќе се постигне. Ова го повторувам со цел по самитот во Чикаго да не се создаде простор за шпекулации дека Македонија бара други алтернативи, односно останува на тоа што е најдобро за Република Македонија и што граѓаните го очекуваат.
Деновиве се слушаа информации за тоа дека ДУИ сега ќе настапи со нова стратегија за засилено лобирање кај меѓународната заедница. Истовремено издејствување на некаква условна покана за Македонија која би се ратификувала во парламентите на сите земји членки освен во Грција, каде што би се ратификувала откако ќе се реши спорот за името. Мислите ли дека станува збор за некакво помоќно средство за исполнување на таа наша цел?
Секоја опција која ќе значи приближување кон постигнување решение со Република Грција во однос на отвореното прашање за името, ние сме спремни да ја промовираме. Така беше во овој период каде што една од варијантите беше да се користи можноста со референцата што се користи во меѓународните односи, односно во ОН, да се пристапи во овој период со покана со привремената референца. Другата варијанта беше оваа што вие ја посочувате, односно покана со референца додека да се најде решение за името, да почне процес на ратификација и ќе се заокружи тој просец со ратификација од грчкиот парламент кога ќе се најде решение. И таа е варијанта која беше разгледувана и која било варијанта што ќе биде во корист на изнаоѓање решение, конструктивен пристап, пристап кој ги презентира интересите на Република Македонија, ние ќе продолжиме да го промовираме, а секако пристап што ќе доведе до решение за името, за надминување на ова отворено прашање и би значело и формално заокружување на процесот на зачленување во НАТО.
Министре, има ли Македонија стратегија за добивање на таа покана за членство во НАТО?
Наједноставната стратегија се разговорите со Грција, односно еден отворен, интензивен дијалог со Грција во однос на ова прашање со цел да се отстранат дилемите, да се зајакне довербата меѓу Република Македонија и Република Грција и да се гледа на ова прашање како една можност за решение, за надминување на разликите и на тој начин ние за побрз временски период би ги надминале овие разлики за Република Македонија да добие покана за членство во НАТО. Значи одговорот е во отворен разговор и интензивен дијалог. Во овој период, не дека од наша страна не постоеше таков интерес, туку едноставно од страна на Грција, која во овој период се соочува со други приоритети како што се економската состојба во Грција, како и честото менување на владите и изборите што се случуваа баш во период кога се случуваше самитот на НАТО оневозможија да поконкретно има некој прогрес во однос на тие разговори, преговори што се однесуваат во однос на името.
Дали тоа значи дека после сите надежи дека може да ја ефектуираме хашката пресуда или да извршиме позасилено лобирање кај меѓународната заедница сега сме јасно соочени со тоа дека единствената шанса за влез во НАТО ни ја отвора надминувањето на спорот за името?
Јас спомнав и претходно, каква било иницијатива што ќе помогне за решавање на ова прашање, ние ќе бидеме активни, и уште поактивни од тоа што бевме досега, но пред се тоа што треба да го имаме предвид е дека значаен партнер, ќе повторам партнер во ова решение е Република Грција. Ние треба да се надеваме и да очекуваме дека со наредната влада, доколку биде брзо консолидирана, дека ќе можеме да имаме партнер со кој би можеле да го решиме ова прашање.
Првата врата на која ќе тропаме е Република Грција, од која ќе побараме да го продолжиме дијалогот, интензивен дијалог, да ги надминеме разликите, за тоа сигурно ќе имаме поддршка од земјите членки на НАТО. Веќе тоа го имаме добиено како потврда и ќе продолжат да не поддржуваат. Тоа е тоа што ќе го направиме во наредниот период. Ќе повторам значи, без разлика на целата ситуација, со сите предизвици кои ги поминуваме овие години, ние сепак за надминување на ова прашање треба да се гледаме како партнери во решение, а не како две страни ривали во еден проблем, туку како партнери во решение. Тоа што официјално го слушаме на меѓународните иницијативи, собири, е дека Република Грција е исто така заинтересирана за евроатлантските интеграции и сметам дека тоа е важно затоа што регионот е постабилен ако регионот се интегрира, значи сите земји од регионот да станат членки на НАТО и на ЕУ.
Што очекувате да се случува во рамките на решавањето на спорот за името во овој период по самитот во Чикаго?
Ние треба да продолжиме со нашиот интерес за надминување на ова прашање и нашиот конструктивен пристап, од една страна. Од друга страна да се надеваме дека изборите што се предвидени за јуни во Грција ќе доведат до стабилна влада, која ќе може да го консолидира домашниот терен и да биде посветена на ова прашање за да можеме заедно да го решиме и да го надминеме како отворено прашање и така да бидеме заедно членка на НАТО и на ЕУ во наредните години.
Очекувате дека тоа може да го направиме сами без поддршка на големите сили?
Мислам дека никогаш не сме биле сами во ова прашање. Пред се, формално ние сме под покровителство на ОН каде што се сите земји членки и во овој процес секако од време на време по потреба биле вклучувани нашите партнери, земји што се пријатели на Република Македонија и на Грција, а тоа се САД и ЕУ.
Вашиот лидер побара независен мониторниг за случајот Монструм. Имате ли како партија некаква дилема околу истрагата и исходот?
Ние пред десетина дена имавме генерално собрание на партијата каде што ги искажавме нашите позиции во однос на овој процес. Пред се треба да биде фер и транспарентен и согласно законите на Република Македонија. Знаеме дека во овој процес тие што се виновни ќе одговораат пред законот, но никој што не е виновен да не страда во овој процес. Тоа е принципиелно прашање кое што е дефинирано и во Уставот на Република Македонија и ние ќе продолжиме тоа да го промовираме на тој начин и како коалициони партнери преку институциите на владата остануваме на тоа да процесот се одвива во рамките на судскиот систем со цел да се реши овој процес, да не се политизира, затоа што пред се тоа што треба во Република Македонија да се култивира тоа се добрите меѓуетнички односи, меѓусебното почитување, додека како чин, тоа што се случи, петкратното убиство беше оценето како еден лош чин од сите граѓани на Република Македонија без разлика на нивната етничка припадност.