Одлуката на Европската комисија да препорача отворање на пристапни преговори со Црна Гора го засилува регионалниот контраст на македонскиот несупех да направи напредок во евроинтеграциите, коментираат експертите во Македонија, откако во пролетниот извештај ваквата одлука комисијата ја образложи со исполнетите критериуми и постигнатиот напредок на Црна Гора во повеќе области.
Македонија го изгуби својот чекор во насока на европските и евроатланстките интеграции пред се поради недостигот на политичка волја и искрени намери да се приближува кон меѓународните организации од што произлезе условот да се реши спорот со соседна Грција како доказ за зрелоста, анализира поранешниот државен секретар во СЕП, Перо Димшовски.
„Ние де факто сега имаме една ситуација да и Европската комисија и членките на НАТО нам ни препорачуваат прво да го решиме прашањето со Грција пред да ги продолжиме тие процеси. Зрелоста на тие институции и сите ваши намери ќе ги мериме со тоа колку можете со нив да најдете согласност.“
Одложувањето на интегративните процеси за Македонија долгорочно ќе има и економски и демократски последици и ќе резултира со осиромашување, одлив на мозоци и слично, додава Димшовски.
„Значи ние губиме многу од аспект на севкупниот развој на земјата, не само економски, туку и демократски и секаков друг, значи подобрување на квалитетот на живот во сите насоки.“
Економските последици можат да произлезат и од тоа што во опкружувањето кое постигнува помал или поголем напредок во поглед на своето приближување кон Унијата, за нас може да значи и потенцирање на несигурниот стопански амбиент и пренасочување на инвестициите во оние земји од опкружувањето кои со својот напредок обезбедиле поинаква порака за своите безбедносни и политички предности по однос на капиталот, додава аналитичарот Алберт Муслиу.
„Затоа што инвеститорите бараат сигурност. Е сега, ако во нашето блиско опкружување таа безбедност и таа гаранција им ја даваат на инвеститорите другите држави сигурно дека инвеститорите полесно ќе се одлучат да инвестираат кај нив, отколку кај нас.“
Од друга страна, Муслиу се надева и дека информациите за напредокот на земјите од регионот во евро-интегрирањето испраќаат и порака за расположението во Унијата во однос на проширувањето, но и дека ќе делуваат во насока на освестување и и предупредување до македонските власти дека Македонија може да остане црна точка во регионот.
Ние де факто сега имаме една ситуација да и Европската комисија и членките на НАТО нам ни препорачуваат прво да го решиме прашањето со Грција пред да ги продолжиме тие процеси. Зрелоста на тие институции и сите ваши намери ќе ги мериме со тоа колку можете со нив да најдете согласност.Перо Димшовски, поранешен државен секретар во СЕП.
Македонија го изгуби својот чекор во насока на европските и евроатланстките интеграции пред се поради недостигот на политичка волја и искрени намери да се приближува кон меѓународните организации од што произлезе условот да се реши спорот со соседна Грција како доказ за зрелоста, анализира поранешниот државен секретар во СЕП, Перо Димшовски.
„Ние де факто сега имаме една ситуација да и Европската комисија и членките на НАТО нам ни препорачуваат прво да го решиме прашањето со Грција пред да ги продолжиме тие процеси. Зрелоста на тие институции и сите ваши намери ќе ги мериме со тоа колку можете со нив да најдете согласност.“
Инвеститорите бараат сигурност. Е сега, ако во нашето блиско опкружување таа безбедност и таа гаранција им ја даваат на инвеститорите другите држави сигурно дека инвеститорите полесно ќе се одлучат да инвестираат кај нив, отколку кај нас.Алберт Муслиу, политички аналитичар.