ЕУ останува посветена на проширувањето и покрај големите внатрешни предизвици со коишто се соочува, изјави данскиот министер за европски прашања Николаи Вамен по средбата со вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи во Скопје. Тој изрази поддршка за евроинтеграциските напори на Македонија и рече дека се надева оти во најскоро можно време ќе се најде решение на спорот за името.
„Не е тајна дека ЕУ се соочува со огромни предизвици во моментов, но и покрај тоа што некои би сакале ние да гледаме само навнатре кон ЕУ, верувам дека е од клучна важност да останеме посветени на агендата за проширување. Тоа е позиција на ЕУ, а тоа е позиција и на данското претседателство“, рече Вамен.
Вицепремиерката Арифи повтори дека Македонија останува посветена на барањето решение на спорот за името со Грција.
„Имајќи го предвид фактот дека сме во еден политички период кога на другата страна треба да се приврши процесот на формирање на влада, не можеме да дадеме веќе други елементи од тој аспект, освен уште еднаш да го подвлечеме фактот дека ние остануваме заинтересирани да го решиме овој проблем на конструктивен начин, нормално имајќи го предвид фактот дека тоа решение треба да биде едно решение прифатливо за двете страни“, изјави Арифи.
Во одговор на новнарско прашање, Арифи рече дека протестите и настаните по петкратното убиство кај Смилковското Езеро треба да се третираат сериозно бидејќи добрите меѓуетнички односи се предуслов за напредокот на земјата. Арифи повтори дека Охридскиот рамковен договор и одржувањето на европската агенда се гарант за стабилноста, не само на Македонија туку и на регионот.
На средбата било разговарано и за дијалогот на високо ниво, како еден нов и многу значаен момент во односите меѓу Македонија и ЕУ, како и за целите и за динамиката на процесот и за реализација на Оперативниот патоказ.
Освен со Арифи, Вамен се сретна и со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски, а одржа состанок и со претседавачите на Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика, Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ и Пратеничката група за соработка со Парламентот на Кралството Данска.
Не е тајна дека ЕУ се соочува со огромни предизвици во моментов, но и покрај тоа што некои би сакале ние да гледаме само навнатре кон ЕУ, верувам дека е од клучна важност да останеме посветени на агендата за проширување.Николаи Вамен, министер за европски прашања на Данска.
„Не е тајна дека ЕУ се соочува со огромни предизвици во моментов, но и покрај тоа што некои би сакале ние да гледаме само навнатре кон ЕУ, верувам дека е од клучна важност да останеме посветени на агендата за проширување. Тоа е позиција на ЕУ, а тоа е позиција и на данското претседателство“, рече Вамен.
Вицепремиерката Арифи повтори дека Македонија останува посветена на барањето решение на спорот за името со Грција.
„Имајќи го предвид фактот дека сме во еден политички период кога на другата страна треба да се приврши процесот на формирање на влада, не можеме да дадеме веќе други елементи од тој аспект, освен уште еднаш да го подвлечеме фактот дека ние остануваме заинтересирани да го решиме овој проблем на конструктивен начин, нормално имајќи го предвид фактот дека тоа решение треба да биде едно решение прифатливо за двете страни“, изјави Арифи.
Имајќи го предвид фактот дека сме во еден политички период кога на другата страна треба да се приврши процесот на формирање на влада, не можеме да дадеме веќе други елементи од тој аспект.Теута Арифи, вицепремиерка задолжена за европски прашања.