Наместо напредок и подобрување на состојбата со медиумите во Македонија, она што ОБСЕ го забележува за жал е само стагнација, вели Дуња Мијатовиќ, претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ. Таа во се уште неемитуваното интервју за Еврозум вели дека од нејзината последна посета на Скопје при крајот на октомври минатата година досега не е направено ништо на полето на подбрување на состојбата со медиумите. Таа вели дека била почестена со тоа што властите во Македонија ја повикале и биле спремни да разговараат за состојбата на медиумите. Имаше плодни разговори со нив и со претставници на граѓанскиот сектор, но работите од тогаш досега не напреднале, вели Мијатовиќ.
„Ситуацијата стагнира за жал, велам за жал, затоа што не гледам никаков позитивен развој, напротив стагнира. Гледам дека ништо не е направено во однос на она за што разговаравме за време на мојата посета. Се разбира дека сакам повторно да дојдам во Македонија, но пред тоа сакам да видам некое поместување што ќе навести дека има политичка волја кај властите навистина да се справат со прашањата кои ја засегаат слободата на медиумите.“
Медиумите се еден од приоритетите и во претпристапниот дијалог со ЕУ. Дијалогот меѓу владата и ЗНМ веќе некое време е во ќор-сокак велат од ЗНМ. По денешната средба во Собранието со еврокомесарот Штефан Филе, претседателот на ЗНМ Насер Селмани изјави дека со владата со месеци разговараат, но досега ниту едно прашање не е затворено - ниту декриминализацијата на клеветата, ниту Законот за медиуми.
„Мојата порака беше јасна, ние се што требаше да кажеме кажавме, сега владата треба да преземе чекори“, вели Селмани.
Според патоказот за дијалог со ЕУ, властите во земјава имаат рок до крајот на следниот месец да ги усогласат измените на законодавството за клевета.
Вицепремиерката Теута Арифи, при претставувањето на патоказот во Собранието пред неколку дена, наспроти тврдењето на ЗНМ, изјави дека заедно со новинарите работи на подобрување на новинарството во земјава.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески во интервју за РСЕ најави дека наскоро ќе биде презентиран новиот закон за медиуми. Што се однесува до дијалогот со новинарите, тој изјави дека е важно да трае, бидејќи кога има дијалог може да се најде решение. Тој најави дека во дијалог ќе биде вклучена и МАН.
Ситуацијата стагнира за жал, велам за жал, затоа што не гледам никаков позитивен развој, напротив стагнира. Гледам дека ништо не е направено во однос на она за што разговаравме за време на мојата посета. Се разбира дека сакам повторно да дојдам во Македонија, но пред тоа сакам да видам некое поместување што ќе навести дека има политичка волја кај властите навистина да се справат со прашањата кои ја засегаат слободата на медиумите.Дуња Мијатовиќ, претставничка за слобода на медиуми на ОБСЕ.