По сите загревања на атмосферата дека силно лобирање кај меѓународните претставници и повици дека правдата е на наша страна по добивањето на хашката пресуда, министерот за одбрана Фатмир Бесими сега изјавува дека никакви поголеми очекувања од НАТО самитот во Чикаго Македонија немала со оглед на темата на самитот, но и со оглед на нерешениот спор за името.
На неколку дена по завршувањето на самитот, во интервјуто за Радио слободна Европа што ќе се емитува в недела најавува една единствена перспектива на нашата НАТО интеграција, продолжување на преговорите за името со соседна Грција, што тој го нарекува и државна стратегија за добивање на поканата.
„Првата врата на која ќе тропаме е Република Грција, од која ќе побараме да го продолжиме дијалогот, интензивен дијалог, да ги надминеме разликите, за тоа сигурно ќе имаме поддршка од земјите членки на НАТО. Значи тоа е наредниот период што ние ќе го направиме. За надминување на ова отворено прашање, ние треба да се гледаме како партнери во решение, а не како две страни ривали во еден проблем“, вели Бесими.
Во овој период Грција се соочува со други приоритети односно надминување на економската и политичката криза во земјата, па треба да се почека првата Влада со која ќе може да се продолжат преговорите со цел да се изнајде компромис околу спорот за името. Свесно или несвесно, македонската влада упорно чека некои нови Грци да дојдат на власт вели Стево Пендаровски, претседавач на советот за безбедност и НАТО-интеграции на СДСМ.
„Она што го слушам како свест и го гледам во владејачката партија по Чикаго е размислувањето да се повлечеме од Времената спогодба или минимум на почеток да ги повлечеме нашите војници од Авганистан. Значи не верувам дека поинаква свест е пробиена во нивните глави и дека треба сега, бидејќи нема веќе каде, да се преговара со Грција, меѓутоа наместо тоа тие одат кон дополнително затегнување на односите“, вели Пендаровски.
Веднаш по последниот самит во Чикаго на кој за Македонија речиси беше повторен истиот заклучок од претходниот самит на Алијансата, ДУИ најавува и некакви засилени напори во насока на поскоро добивање покана за членство која би се состоела од засилено лобирање кај меѓународната заедница и обид да се добие условна покана која најпрвин би се ратификувала во останатите земји членки, а штом се реши спорот за името и во парламентот на Грција.
Пендаровски сето ова го нарекува само чиста партиска реторика со цел партијата да се оправда пред својот електорат за неупсехот во однос на нивното главно ветување, додека во доминантната владејачка партија не гледа каква и да е подготвеност да се иницираат преговори со Грција зошто како што вели проектите кои ги презема не придонесуваат за градење доверба со јужниот сосед како што е и поставувувањето на споменикот на Филип Втори во Скопје пред неколку дена.
Првата врата на која ќе тропаме е Република Грција, од која ќе побараме да го продолжиме дијалогот, интензивен дијалог, да ги надминеме разликите, за тоа сигурно ќе имаме поддршка од земјите членки на НАТО. Значи тоа е наредниот период што ние ќе го направиме.Фатмир Бесими, министер за одбрана.
На неколку дена по завршувањето на самитот, во интервјуто за Радио слободна Европа што ќе се емитува в недела најавува една единствена перспектива на нашата НАТО интеграција, продолжување на преговорите за името со соседна Грција, што тој го нарекува и државна стратегија за добивање на поканата.
„Првата врата на која ќе тропаме е Република Грција, од која ќе побараме да го продолжиме дијалогот, интензивен дијалог, да ги надминеме разликите, за тоа сигурно ќе имаме поддршка од земјите членки на НАТО. Значи тоа е наредниот период што ние ќе го направиме. За надминување на ова отворено прашање, ние треба да се гледаме како партнери во решение, а не како две страни ривали во еден проблем“, вели Бесими.
Она што го слушам како свест и го гледам во владејачката партија по Чикаго е размислувањето да се повлечеме од Времената спогодба или минимум на почеток да ги повлечеме нашите војници од Авганистан. Значи не верувам дека поинаква свест е пробиена во нивните глави и дека треба сега, бидејќи нема веќе каде, да се преговара со Грција, меѓутоа наместо тоа тие одат кон дополнително затегнување на односите.Стево Пендаровски, претседавач на советот за безбедност и НАТО-интеграции на СДСМ.