Зголемувањето на конкуретноста на македонската индустрија преку имплементација на индустриската политика, предизвиците на извозната промоција на Македонија и јавно-приватниот дијалог како единствен начин за одржлива економија беа темите за кои разговараа на работната средба претставници на бизнис-заедницата, дел од институциите, УСАИД и Македонскиот институт за медиуми. Се разговараше и за важноста и улогата на медиумите во јакнењето на свеста во јавноста за овие теми.
На оваа средба, УСАИД ги промовираше проектите кои ги спроведува во соработка со владините институции за подобрување на економската состојба во Македонија. Целта на проектите е да ги зајакне човечките и институционални капацитети и да го зголеми квалитетот на идните програми за конкурентност.
Катина Кранго од Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Македонија вели дека годинава работеле на спроведувањето на стратегиските активности.
„Секторите во коишто ги пилотираме активностите се всушност агро секторот, т.е. вино, свежо овошје и зеленчук и конзервна индустрија, автомобилска индустрија и ИТ сектор. На почетокот на годинава бевме на саем, односно го посетивме саемот „Фрут логистика“ кој е всушност најголем саем за свежо овошје и зеленчук во Европа, на кој присуствуваа 14 македонски компании.“
Сениор советник за поддршка на извозот на проектот на УСАИД Кирил Миновски вели дека се изработкува веб-портал на македонски извозници на кој секоја компанија ќе може да ги презентира своите капацитети и да биде поблиска до можните надворешни соработници.
„Паралелно со овој портал планираме да отпочнеме и во делот на јакнењето на свеста и на медиумите и на компаниите и на државните институции и на пошироката јавност за тоа што значи извоз, зошто е значаен, што е извозна промоција, да направиме еден електронски магазин.“
Митко Алексов од Сојуз на стопански комори вели дека економски промотори се потребни, но на малите и средни претпријатија, а не на големите, но сепак стопанските комори се оптимисти дека тој систем ќе профункционира.
„Ова за медиумите, мора да се постават одредени критериум, за тоа што би значело тоа економски промотор, да се знае каков е системот, како се пренесува таа инфомација, тоа да не биде волунтаристички, еве јас отидов посетив 5 компании, пуштив таму, никој ништо не одговори, така не сме направиле ништо, значи мора да има еден малку поцврст систем.“
Од друга страна, новинарот од штипската телевизија ТВ Ирис Трајан Ристевски вели дека стопанствениците во земјава и не се заинтересирани за економска промоција.
„Затоа што секогаш се правдаат дека се врзани со странски партнер, па дека прават како што тој ќе каже, кога ќе дојде време нешто заедно да направат се караат, така што мислам дека е потребно тука да се повикаат бизнисмените, да си ги кажат своите барања, а ние како медиуми подоцна да ја извршиме улогата на посредници и да ја пренесеме пораката во јавноста.“
Секторите во коишто ги пилотираме активностите се всушност агро секторот, т.е. вино, свежо овошје и зеленчук и конзервна индустрија, автомобилска индустрија и ИТ сектор. На почетокот на годинава бевме на саем, односно го посетивме саемот „Фрут логистика“ кој е всушност најголем саем за свежо овошје и зеленчук во Европа, на кој присуствуваа 14 македонски компании.Катина Кранго, Агенција за странски директни инвестиции.
На оваа средба, УСАИД ги промовираше проектите кои ги спроведува во соработка со владините институции за подобрување на економската состојба во Македонија. Целта на проектите е да ги зајакне човечките и институционални капацитети и да го зголеми квалитетот на идните програми за конкурентност.
Катина Кранго од Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Македонија вели дека годинава работеле на спроведувањето на стратегиските активности.
„Секторите во коишто ги пилотираме активностите се всушност агро секторот, т.е. вино, свежо овошје и зеленчук и конзервна индустрија, автомобилска индустрија и ИТ сектор. На почетокот на годинава бевме на саем, односно го посетивме саемот „Фрут логистика“ кој е всушност најголем саем за свежо овошје и зеленчук во Европа, на кој присуствуваа 14 македонски компании.“
Паралелно со овој портал планираме да отпочнеме и во делот на јакнењето на свеста и на медиумите и на компаниите и на државните институции и на пошироката јавност за тоа што значи извоз, зошто е значаен, што е извозна промоција, да направиме еден електронски магазин.Кирил Миновски, УСАИД.