Групен попуст за одмор во Банско, за полирање на оштетени фарови, за шопинг во продавници, за козметички третмани, храна или садови за храна. Ова се дел од понудите на онлајн продавниците во Македонија од каде што можете преку интерент да си купите производ или да си резервирате патување. Бизнисмените полека почнуваат да ја преместуваат трговијата на интернет, но за жал тоа не е ниту доволно, ниту, пак, со задоволувачко темпо во споредба со онлајн трговијата која функционира во светот.
Купувањето преку интернет учествува само со 1 отсто од трансакциите преку електронски картички, кои чинат 8 до 10 отсто од вкупниот промет во државата, покажува минатогодишниот извештај на УСАИД. Според него, кај граѓаните се уште постои недоверба во плаќањето преку интернет, повисоки се и провизиите што ги земаат оние кои ги вршат електронските трансакции, а во меѓународната е-трговија се уште е ниско поставен износот за ослободување од плаќање на царинските давачки.
Интернет консултантот Дарко Булдиоски вели дека бизнисмените се уште не покажуваат доволно интерес да го користат интернетот за развој на својот бизнис.
„Се уште сме сведоци на тоа дека голем дел од компаниите користат интернет многу ограничено, односно нивните сајтови, нивната презентација е многу статична, недоволно редовно ажурирани и едноставно во најголема мера служи за да го видите нивниот телефон за
да им се јавите. Значи се користи не дека не се користи, но сепак, недостасува една стандардна односно квалитетна основа на којa што ќе можат компаниите целосно да се потпрат.“
Тој додава дека најверојантно проблемот е во тоа што компаниите се уште не гледаат голема бизнис вредност од работење на интернет, кај бизнисмените се уште постојат предрасуди дека нема доволно едуцирани купувачи кои би знаеле како да купуваат преку интернет. Тој додава дека ретко кој од земјава се осудува да создаде производ или услуга кој онлајн би го понудил за регионален или глобален пазар.
„Проблем можеби е некој дел од логистиката, значи сработување на добра стратегија и систем кој што ќе овозможи адекватно презентирање на својата понуда, ажурирање и испорачување можеби на тие услуги до посакуваните потрошувачи.“
Сопственик на маркетинг агенција и еден од основачите на Е-невладина, Никола Бојков вели дека во изминативе неколку години бизнисмените почнаа да го следат трендот на користење на социјалните медиуми каде што има над 900 илјади корисници од Македонија и започнаа со рекламирање на своите производи и брендови на социјалните мрежи. Но освен комуникацијата со потрошувачите на социјалните мрежи и рекламирањето на интернет, дел од бизнисмените го користат интернетот за трговија.
„Најмногу се таргетира кон Македонци кои живеат надвор од земјава, за да купат нешто или за да испратат некој подарок на своите најблиски во Македонија. Значи се прават напори и за извоз на некои македонски традиционални производи преку интернет, но мислам дека тоа е сепак на почеток и дека е мал тој обем.“
Тој додава дека сепак бизнимените не се доволно иновативни во користењето на интернетот како алатка за развој на нивниот бизнис.
„Еден од недостатоците е иновативноста во начинот на кој ќе се искористи таа е-трговија, бидејќи нема ефект ако вие дадете 5 проценти попуст на производ кој ќе се купи на интернет, а на таа сума додадете 300 денари за испорака. Значи автоматски цената е повисока од тоа јас да одам да го купам истото во продавница и со тој начин вие не ме стимулирате да купувам онлајн.“
Бојков вели дека двата предуслови за е-трговија се исполнети, има висок број на интернет пенетрација кој изнесува над 50 проценти и платежни картички со кои може да се плаќа на интернет. Останува само биснисмените рационално да го искористат овој сектор.
Се уште сме сведоци на тоа дека голем дел од компаниите користат интернет многу ограничено, односно нивните сајтови, нивната презентација е многу статична, недоволно редовно ажурирани и едноставно во најголема мера служи за да го видите нивниот телефон за да им се јавите.Дарко Булдиоски, интернет консултант.
Купувањето преку интернет учествува само со 1 отсто од трансакциите преку електронски картички, кои чинат 8 до 10 отсто од вкупниот промет во државата, покажува минатогодишниот извештај на УСАИД. Според него, кај граѓаните се уште постои недоверба во плаќањето преку интернет, повисоки се и провизиите што ги земаат оние кои ги вршат електронските трансакции, а во меѓународната е-трговија се уште е ниско поставен износот за ослободување од плаќање на царинските давачки.
Интернет консултантот Дарко Булдиоски вели дека бизнисмените се уште не покажуваат доволно интерес да го користат интернетот за развој на својот бизнис.
„Се уште сме сведоци на тоа дека голем дел од компаниите користат интернет многу ограничено, односно нивните сајтови, нивната презентација е многу статична, недоволно редовно ажурирани и едноставно во најголема мера служи за да го видите нивниот телефон за
Еден од недостатоците е иновативноста во начинот на кој ќе се искористи таа е-трговија, бидејќи нема ефект ако вие дадете 5 проценти попуст на производ кој ќе се купи на интернет а на таа сума додадете 300 денари за испорака. Значи автоматски цената е повисока од тоа да идам јас да го купам истото во продавница и со тој начин вие не ме стимулирате да купувам онлајн.Никола Бојков, е-невладина.