Достапни линкови

Со информатика против бирократија


Меѓународна конференција за широкопојасен интернет и дигитален развој во Охрид.
Меѓународна конференција за широкопојасен интернет и дигитален развој во Охрид.

Развојот на информатичко општество е важен, затоа што се соочуваме со големи предизивици, како стареење, климатски промени, граѓаните бараат подобри услуги, додека бизнисот помалку бирократија, рече премиерот Груевски.

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим дојде во Охрид, но не го виде градот во кој толку многу се зборуваше за неговата посета. И покрај тоа што беше најавено дека Слим ќе прошета низ Охрид, а ќе посети и некои од културно историските локалитети, тоа не се случи. По завршувањето на конференцијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, тој заминува за Скопје од каде со неговиот приватен авион се враќа дома.
Нашата нова цел е да
вложиме напори за да ги намалиме цените на интернетот, но и да овозможиме
подобар пристап до широкопојасниот интeрнет, да овозможиме иновации, нови
вработувања, нови услуги во дигиталната економија.
Карлос Слим, претседател на комисијата за широкопојасен интернет.

Она што Слим ќе го понесе од Македонија е вкусот на македонското вино и охридката торта. Синоќа во Охрид се одржала презентација на дел од домашните вина пред најбогатиот човек на светот, велат организатирите. Во своето обраќање на конференцијата Слим зборуваше општо за интернетот како технологија.

„Овој состанок овде во Македонија е одлична можност за нас да ги согледаме состојбите во дигиталната економија во регионот. Нашата нова цел е да
вложиме напори за да ги намалиме цените на интернетот, но и да овозможиме подобар пристап до широкопојасниот интrрнет, да овозможиме иновации, нови
вработувања, нови услуги во дигиталната економија. Да го забрзаме социјалниот и глобалниот развој на мрежите на
За нас е важно да го забрзаме развојот на информатичко општество затоа што се соочуваме со големи предизивици, како стареење, климатски промени, граѓаните бараат подобри услуги, додека бизнисот помалку бирократија.
Никола Груевски, премиер на Македонија.
широкопојасниот интернет, сервисите и апликациите и да ја промовираме улогата на широкопојасниот интернет како основна инфраструктура за остварување на милениумските цели“, изјави Карлос Слим.

За македонскиот премиер Никола Груевски, информатичките и комуникациските технологии во Македонија се наоѓале многу високо на приоритети на оваа влада. Ако во 2006 година само 1 процент од домаќинствата во Македонија користеа широкопојасен интернет, во 2011 година имавме дури 46,35 проценти корисници, рече Груевски.

„Македонија е лидер во регионот. Република Македонија започна со процесот на дигитализација. Ќе продолжиме со нашите напори за развој на конвергентен и либерализиран пазар на следење на позитивните трендови од ЕУ. Врз основа на податоците на Еуростат во поглед на електрoнските комуникации, Македонија е еден од лидерите во регионот. За нас е важно да го забрзаме развојот на информатичко општество затоа што се соочуваме со големи предизивици, како стареење, климатски промени, граѓаните бараат подобри услуги, додека бизнисот помалку бирократија“, рече Груевски.

Пред Комисијата за широкопојасен интернет и дигителен развој беше претставен Проектот за поставување на 680 интернет киосци во македонските рурални средини.

„Македонија е земја во која што ИТ ќе не следи токму со овој проект бидејќи ќе бидеме како земја најдобар пример за останатите земји“, рече министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

Инаку, според последните статистики, повеќе од една четвртина од светското население користи интернет и таа бројка е во постојан пораст, но милиони луѓе не можат да ги уживаат овие придобивки бидејки градењето на широкопојасен интернет се смета за скапо и непрофитабилно.

Преку конферециска врска од страна на извршниот директор на Ериксон, Ханс Веспер, беше претставен извештајот за влијанието на комуникациските и интернет технологии врз климатските промени. Од Охрид беше испратена порака дека широкопојасниот интернет ќе го промени начинот на кој живееме, и начинот и на кој се образуваат децата, дури и здравстената заштита. Во Охрид дојде и претседателот на Руанда Пол Кагаме и други врвни ексепрти од областа на интернетот.
XS
SM
MD
LG