Достапни линкови

Широкопојасниот интернет ќе го промени начинот на живеење


Меѓународна конференција за широкопојасен интернет и дигитален развој во Охрид.
Меѓународна конференција за широкопојасен интернет и дигитален развој во Охрид.

Во Охрид денеска се одржува петтата конференција за широкопојасен интернет и дигитален развој. Најголемо внимание предизвика доаѓањето на мексиканскиот мултимилијардер Карлос Слим.

Во присуство на десетина врвни експерти од областа на интернетот, од сите страни на светот, меѓу кои извршните директори на најголемите светски компании, кои се двигатели на информатичкото општество, ИНТЕЛ, Ериксон телефоник, Циско и многу други, во Охрид денеска се одржува петтата конференција за широкопојасен интернет и дигитален развој.
Усвоивме стратегија за развој на следната генерација на широкопојасен интернет, со што ја промовиравме Македонија како зелено општество, базирано на знаења. До 2006-та година само еден процент од домаќинствата во Македонија користеа широкопојасен интерент, додека во 2011 имавме 46, 35 проценти корисници на фиксен, широкопојасен интерент во домаќинствата.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

На отворањето на конференцијата присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски, кој потсети на реализираните проекти од областа не информатичката технологија, но и за проектите кои владата ги планира за во иднина.

„Усвоивме стратегија за развој на следната генерација на широкопојасен интернет, со што ја промовиравме Македонија како зелено општество, базирано на знаења. До 2006-та година само еден процент од домаќинствата во Македонија користеа широкопојасен интерент, додека во 2011 имавме 46,35 проценти корисници на фиксен, широкопојасен интерент во домаќинствата“, рече премиерот Никола Груевски.
Меѓународна конференција за широкопојасен интернет и дигитален развој во Охрид.
Меѓународна конференција за широкопојасен интернет и дигитален развој во Охрид.

Пред комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој ќе биде преставен и проектот на владата за поставување на 680 интернет киосци во македонските рурални средини.

Сепак, најголемо внимание предизвика доаѓањето на мексиканскиот мултимилијардер Карлос Слим, кој зборивајќи на конференцијата како претседател на комисијата, рече дека нова цел во иднина ќе биде да се вложат поголеми напори за да се намалат цените на интернетот но и да се овозможи подобар пристап до широкопојасниот интернет.
Нова цел во иднина ќе биде да се вложат поголеми напори за да се намалат цените на интернетот но и да се овозможи подобар пристап до широкопојасниот интернет.
Карлос Слим, претседател на комисијата за широкопојасен интернет.

Претседателот на Руанда, Пол Кагаме, кој исто така е присутен во Охрид, рече дека комисијата за широкопојасен интерент како свој приоритет во развојто на глобалното општество го има масовниот пристап на широкопојасниот интернет.

Сепак, пораката која од Охрид ќе биде упатена е дека широкопојасниот интернет ќе го промени начинот на кој живееме, начинот на кој се образуваат децата дури и начинот на здраствената заштина.

Инаку, според последните статискити повеќе од една четвртина од светското население користи интернет и таа бројка е во постојан пораст.

И покрај најавите дека Карслос Слим ќе прошета низ Охрид и ќе посети дел од културно-историските споменици, сепак тоа нема да се случи. Тој од хотелот во Охрид заминува директно во Скопје, од каде со неговиот приватен авион заминува за Мексико. Инаку Слим синоќа во хотелот имал можност да проба дел од домашните вина.
XS
SM
MD
LG