Цензурата на интернет влијае врз секој интернет корисник во светот, така што ни Македонците нема да бидат поштедени од влијанието што ќе го имаат законите SOPA и PIPA кои денеска се главна тема на социјалните мрежи. Станува збор за два закона за кои се дебатира во американскиот Конгрес, кои се однесуваат на заштита на авторските права.
Од една страна се филмската и музичката индустрија кои бараат да се донесат овие закони чија цел, според нив, е да заштита на авторските права, додека, пак, од другата страна се големите интернет компании и голем број на критичари кои сметаат дека со овие закони ќе се намали и оневозможи пристап до многу содржини на интернет кои до сега беа бесплатни и лесно достапни на глобално ниво и дека таквата забрана во име на заштита на авторски права може да биде злоупотребена за индустриска или политичка цел.
Законите, иако се носат во САД, ќе имаат голем импакт на глобално ниво затоа што голем број интернет компании се токму од САД, како на пример Гугл, Фејсбук или Јутјуб. Што ќе значи тоа за македонскиот корисник на интернет објаснува програмскиот координатор во Метаморфозис, Филип Стојановски.
„Македонските корисници на интеренет користат многу сервиси кои се базирани во САД, како Гугл и Фејсбук на пример. Со овие закони, на пример, на машините за пребарување ќе им се забрани да известуваат за постоење на некои содржини кои се означени како неподобни, така што македонските корисници кои би сакале да најдат нешто преку Гугл, доколку овој закон се применува, Гугл нема да им ги нуди сите реално достапни содржини, туку ќе им ги понуди само оние содржини кои се нецензурирани, додека дел од содржините, било од оправдана било од неоправдана причина во однос на општиот изговор на законот, ќе им бидат недостапни.“
Стојановски додава дека истото се однесува на содржини објавени во Македонија, односно доколку некоја содржина е означена како неподобна некој од САД нема да може да ја отвори.
Една од забелешките во однос на предложените закони е дека со нив се забавува напредокот на интернетот како динамичен медиум, како канал за комуникација, како мноштво од медиуми, односно доколку оваа легислатива беше донесена хипотетички кажано пред 5 години, денеска немаше да постои ниту Фејсбук, ниту Јутјуб во онаа форма во која сега постои, вели интернет консултантот Дарко Булдиоски. Тој додава дека првиот импакт ќе биде недостапноста на онаа содржина која сме навикнати да ја користиме, но се претпоставува дека поголемото влијание ќе биде врз самиот развој на интернетот.
„Затоа што со донесување на вакви закони, ако порано сите беа невини се додека не се докаже спротивното, сега веќе станува збор за ситуација во која сите се виновни од нулта точка се додека не се докаже спротивното. Тоа значи дека имаме ситуација во која големи компании како Твитер, Гугл, Јутјуб, Фејсбук и др., жестоко се спротивствуваат на ова, нема да можат да иновираат, да ги развиваат своите сервиси еднакво брзо и динамично како што тоа го правеа до сега благодарение на содржината креирана од нивните корисници. Ако корисниците нема да можат толку лесно да креираат содржина и се плашат од тоа што ќе го направат да не бидат осудени, бидејќи тие се веќе осудени од прва, тогаш замислете си како ќе изгледа светот или како ќе се развива понатаму ако ги немаме тие сервиси, ако немаме простор каде креативно, културно и активистичи и политички да се изразиме.“
Тој додава дека во тој поглед Македонија е еден мал дел од приказната. Можеби на практично ниво може да има правни импликации како намалување на пиратеријата и слично како резултат на глобалното намалување на пиратеријата, меѓутоа поголемиот проблем е во која насока ќе се движи целиот развој на интернетот како мрежа.
Авторот на книгата „Светската борба за слобода на интернетот“, Ребека Мекинон, во интервју за американските медиуми изјави дека причината зошто овие прашање околу законите се битни за обичните граѓани се во тоа што во денешното време луѓето се зависни од интернет платформите, од секојдневните обврски на плаќање сметки до најобични информции кои ни се потребни во текот на денот, па се до политички активизам. Луѓето имаат пристап до сите можни информации и ние треба да бидеме сигурни дека тоа право нема да ни биде злоупотребено во политички цели, односно да се злоупотреби цензурата и да се зголеми контролата што ја имаат моќниците врз интернетот.
Со овие закони, на пример, на машините за пребарување ќе им се забрани да известуваат за постоење на некои содржини кои се означени како неподобни, така што македонските корисници кои би сакале да најдат нешто преку Гугл, доколку овој закон се применува, Гугл нема да им ги нуди сите реално достапни содржини, туку ќе им ги понуди само оние содржини кои се нецензурирани.Филип Стојановски, програмски директор на Метаморфозис.
Од една страна се филмската и музичката индустрија кои бараат да се донесат овие закони чија цел, според нив, е да заштита на авторските права, додека, пак, од другата страна се големите интернет компании и голем број на критичари кои сметаат дека со овие закони ќе се намали и оневозможи пристап до многу содржини на интернет кои до сега беа бесплатни и лесно достапни на глобално ниво и дека таквата забрана во име на заштита на авторски права може да биде злоупотребена за индустриска или политичка цел.
Законите, иако се носат во САД, ќе имаат голем импакт на глобално ниво затоа што голем број интернет компании се токму од САД, како на пример Гугл, Фејсбук или Јутјуб. Што ќе значи тоа за македонскиот корисник на интернет објаснува програмскиот координатор во Метаморфозис, Филип Стојановски.
Ако порано сите беа невини се додека не се докаже спротивното, сега веќе станува збор за ситуација во која сите се виновни од нулта точка се додека не се докаже спротивното.Дарко Булдиоски, интернет консултант.