Достапни линкови

Груевски ја „освојува“ Индија


Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.
Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.

Владин тим е во нов инвестициски лов, овојпат во Индија. За експертите, владините роуд шоуа се само шетање, трошење пари и замачкување на очи дека нешто се работи.

По Европа, Америка, Јапонија, Синагапур, Турција..., Груевски и неговиот тим, овојпат ќе ловат инвестиции во Индија. Премиерот, заедно со министерот за финансии Зоран Ставрески, министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони, Виктор Мизо, наредните три дена во Индија ќе ги презентираат
Ќе престанат да патуваат по земјата, ќе одат по Марс, на Месечина, некаде на други планета да бараат инвестиции, бидејќи очигледно има некоја причина за тоа. Суштината е во тоа што не гледаат дека инвестициите се тука во соседството, ако не во соседството, во регионот, тогаш во ЕУ.
Ванчо Узунов, професор.
инвестициските можности што ги нуди Македонија. Владиниот тим потем заминува за Малезија.

Премиерот во саботата изјави дека имајќи ја предвид ситуацијата во Европа, каде има рецесија, годинава одлучиле поголем дел од презентациите пред инвеститорите да се прават надвор од Европа, на другите континенти каде нема должничка криза.

По се изгледа следната турнеја нема да им биде некаде на земјата, туку ќе отидат на некоја друга планета, вели професор Ванчо Узунов.
Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.
Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.

„Ќе престанат да патуваат по земјата, ќе одат по Марс, на Месечина, некаде на други планета да бараат инвестиции, бидејќи очигледно има некоја причина за тоа. Суштината е во тоа што не гледаат дека инвестициите се тука во соседството, ако не во соседството, во регионот, тогаш во ЕУ.“

Оваа шетање на владата чини пари и нема никаква логика, освен замачкување на очи, додава Узунов.

Владата досега не даде отчет колку пари се потрошени за инвестициските роуд шоуа.

Мене ова ми личи како тие да се спремаат како да се при крај на мандатот, па да се прошетаат што повеќе низ светот, а дека има некоја корист од патување на премиер и средби со индиски бизнисмени, па не може компанија индиска да дојде и да лоцира бизнис во Македонија доколку не смета на цел Балкан.
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.
Невообичаени се овие патувања за еден премиер да оди дури до Индија по странски инвестици, вели поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.

„Мене ова ми личи како тие да се спремаат како да се при крај на мандатот, па да се прошетаат што повеќе низ светот, а дека има некоја корист од патување на премиер и средби со индиски бизнисмени, па не може компанија индиска да дојде и да лоцира бизнис во Македонија доколку не смета на цел Балкан.“

Хајредини се прашува зошто би се правело промоција во Индија, кога индиските компании кои се лидери во интернет технологијата само со еден клик можат да видат што нуди Македонија.

Во јавноста се појавија зајадливи коментари дека Груевски почнува да личи на Тито и неговите славни патувања по Африка и по Азија. Но, Груевски не е Тито, вели Узунов.

„Ама Тито барем носеше пари. Да, тоа го правеше владата на Јосип Броз, меѓутоа денес дефинитивно не е тоа време и дефинитивно немаме работа со играчи од ист калибар.“

Експертите велат дека ловењето на стански инвестиции во далечни земји не може да биде замена за нерешавањето на домашните проблеми било да се економски или политички.

Според Народна банка, 287 милиони евра од странски инвестицици се регистрирани во првите единаесет месеци од 2011. За вицепремиерот Ставрески податоците се задоволителни, бидејќи износот на странски инвестиции во 2011 е колку вкупниот збир на инвестиците во 2009 и 2010. За Ставрески, овој податок покажува дека напорите на Владата да се промовира Македонија како дестинација за странски инвестиции вродиле со плод.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG