Со уште едно, овојпат седумдневно роуд шоу низ Турција, владин тим ќе се обиде да ги претстави поволностите на Македонија за инвестирање. Како што информираат од делегацијата, ќе биде посетен дел којшто до сега не бил посетен, во кој спаѓаат и повеќе градови од азиска Турција, бидејќи бил пројавен интерес во повеќе сектори од компании на кои им било потребно проширување на европските пазари, а кои во Македонија ќе им се предочи дека можат да најдат поевтина, а квалификувана работна сила.
Директорот на Технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо се надева дека од него ќе има ефекти, но како што вели, не може тие да дојдат толку брзо.
„Тоа значи запознавање на компаниите, презентирање, потоа канење на компаниите да дојдат во Македонија, да ги посетат, да ги видат можностите директно од прва рака и потоа целиот тој процес на анализа, значи подолгорочен е процесот, но сигурно со ваков вид на активност се зголемуваат можностите и потенцијалите на Македонија.“
И покрај сите кампањи, роуд шоуа, промотори и министри, Македонија остана на дното во регионот според количината на странски инвестиции, вели Маријанчо Николов од опозицискиот СДСМ.
„Посетата на Турција исто така мислам дека повеќе ќе е во насока на создавање на впечаток, перцепција дека Владата прави нешто на полето на привлекување на странски инвестиции, отколку дека ќе има некои конкретни резултати.“
При тоа остана потполно недостапно за јавноста колку средства се трошат на сите овие активности, додава Николов.
Причина за скептичност и кон ваквите обиди ни дава досегашното искуство, вели поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, кое не донесе никави аргументи за оптимизам. Проблемите се покрупни, а тие лежат во нерешениот политички статус и иднина во која капиталот доаѓа во неизвесност, додава Хајредини.
„Објективно не може Македонија сега без да го реши нејзиниот политички статус и идинина да смета на некој значителен прилив на странски инвестиции.“
Пред два месеци, владиниот тим го заврши роуд шоуто во Јапонија, Сингапур и неколку европски држави. Минатото лето вакво патување беше организирано во САД. До сега нема конкретни резултати ниту најави за такво нешто од нив.
Тоа значи запознавање на компаниите, презентирање, потоа канење на компаниите да дојдат во Македонија, да ги посетат, да ги видат можностите директно од прва рака и потоа целиот тој процес на анализа, значи подолгорочен е процесот, но сигурно со ваков вид на активност се зголемуваат можностите и потенцијалите на Македонија.Виктор Мизо, директор на Технолошко индустриски развојни зони.
Директорот на Технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо се надева дека од него ќе има ефекти, но како што вели, не може тие да дојдат толку брзо.
„Тоа значи запознавање на компаниите, презентирање, потоа канење на компаниите да дојдат во Македонија, да ги посетат, да ги видат можностите директно од прва рака и потоа целиот тој процес на анализа, значи подолгорочен е процесот, но сигурно со ваков вид на активност се зголемуваат можностите и потенцијалите на Македонија.“
И покрај сите кампањи, роуд шоуа, промотори и министри, Македонија остана на дното во регионот според количината на странски инвестиции, вели Маријанчо Николов од опозицискиот СДСМ.
„Посетата на Турција исто така мислам дека повеќе ќе е во насока на создавање на впечаток, перцепција дека Владата прави нешто на полето на привлекување на странски инвестиции, отколку дека ќе има некои конкретни резултати.“
Посетата на Турција исто така мислам дека повеќе ќе е во насока на создавање на впечаток, перцепција дека Владата прави нешто на полето на привлекување на странски инвестиции, отколку дека ќе има некои конкретни резултати.Марјанчо Николов, СДСМ.