Достапни линкови

Ќе се развива трговијата со Кина


Македонија и Кина потпишаа меморандуми за унапредување на економскaтa и трговската соработка. Кинескиот пазар би можел да обезбеди голем напредок за македонскиот извоз, велат експертите.

Економската соработка со Кина може да обезбеди солиден пласман за македонските производи, имајки предвид дека кинескиот е голем пазар, се согласуваат упатените. Делегација предводена од потпретседателот на кинескиот државен совет, Хуеј Лиангју е во тридневна посета на Македонија.
Ове е втор пат како доаѓа киненска делегација. Првиот пат земаа мостри од тутунот што го произведуваме. Затоа што ова им е втора посета, мислам дека преговорите се при крај и дека веќе може да се договара за количините што може да се извезат во Кина.
Ефтим Шаклев, Асоцијација на земјоделци.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев вели дека кинескиот пазар би можел да обезбеди голем напредок за македонскиот извоз, посебно за тутунот.

„Ове е втор пат како доаѓа киненска делегација. Првиот пат земаа мостри од тутунот што го произведуваме. Затоа што ова им е втора посета, мислам дека преговорите се при крај и дека веќе може да се договара за количините што може да се извезат во Кина.“
Вицепремиерот Владимир Пешевски со делегација на НР Кина која е во посета на Македонија
Вицепремиерот Владимир Пешевски со делегација на НР Кина која е во посета на Македонија

Сето тоа директно ќе влијае и врз цената на производот, вели Шаклев.

„Колку побарувачката е поголема, се разбира и цената ќе биде поголема.“

Кинеската делегација се среќава со македонскиот државен врв а домаќин на средбата е вицепремиерот за
И стандардите за квалитет на стоките се далеку пониски во Кина, отколку во Македонија, она што може да биде сериозна бариера, во однос на извозот во Кина е далечнината не земјата и патните трошоци што се со тоа предвидени.
Здравко Савески, универзитетски професор.

економски прашања Владимир Пешевски. Се поставува прашање колку ваквите политички формалности можат да ги отворат границите за успешен извоз на македонски производи, имајки ги предвид стандардите како и слабата конкуретност на македонските производи на европскиот пазар.

Професорот по политички маркетинг Здравко Савески вели дека Кина е заинтересирана за проширување на соработката со европските земји

„И стандардите за квалитет на стоките се далеку пониски во Кина, отколку во Македонија, она што може да биде сериозна бариера, во однос на извозот во Кина е далечнината не земјата и патните трошоци што се со тоа предвидени.“

Можно е да се има добра економска соработка со Кина, вели Савески

„Бидејќи се работи за голем пазар и сите земји сакаат да го освојат или барем да учествуваат на него.“

Се проценува дека трговската размена со Кина е 400 милиони долари што е само 3 до 4 проценти од нашата размена а надворешно трговската размена меѓу Македонија и Кина лани бележеше трговски дефицит на македонска страна. Дел од медиумите јавуваат дека минатата година само осум македонски производи се пробиле на кинескиот пазар, додека од друга страна Кина на домашниот пазар учествува со 500 различни производи.
XS
SM
MD
LG