Заладените односи поради признавањето на независноста на Косово се минато, а и црковното прашање им е оставено на верските лидери да го решат. Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ вели дека е надминат застојот на политичките односи меѓу двете земји, кој се појави поради Косово и денес Македонија и Србија се повеќе соработуваат на политички план.
„Можеме да кажеме дека денеска Република Македонија и Република Србија навлегоа во една нова приказна, во еден нов политички однос, така да само во изминатата 2011-та година се потпишани четири меѓудржавни договори за соработка во разни области. Помеѓу Република Македонија и Република Србија е потпишан и договор за поминување на границата со лична карта. Следејќи ја политiчката и економската соработка, соработката меѓу двете држави се повеќе добива на интензитет.“
Кога станува збор за црковното прашање, Стоилковиќ смета дека тоа се повеќе добива друга димензија.
„Тоа прашање се повеќе ја има онаа вистинската димензија онаа верската и дека работата на политичарите пред се ќе биде да ги усмеруваат и да создадат амбиент црковните водачи да седнат и конечно еднаш за секогаш да стават точка на проблемот во меѓусебните одниси.“
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески вели дека според бројките, соработката на економски план е позитивна. Трговската размена меѓи двете земји во изминатава година е зголемена за 26 насто.
„Меѓутоа суштински, бидејќи тоа преставува само 7 проценти од вкупната трговска размена на Македонија. Мислиме дека како соседна земја, како поголема земја од нас дека има можности за понатамошен развој.“
Азески додава дека активностите треба да се насочат во исполнување на ЦЕФТА договорот.
„Каде што се бара признавање на акредитацијат апомеѓу двете држави, вложување во заеднички проекти, во зеднички услуги, тука пред се мислам на работи кои се врзани на заеднички настап на трети пазари, на градежништвото, зеднички производи во металната индустрија, а може нешто да се направи и на планот на земјоделието.“
Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска е во официјална посета на Македонија. Тој по средбата со неговиот македонски колега Ѓорѓе Иванов ќе земе учество на македонскиот-српски бизнис форум.
Можеме да кажеме дека денеска Македонија и Србија навлегоа во една нова приказна, во еден нов политички однос, така да само во изминатата 2011-та година се потпишани четири меѓудржавни договори за соработка во разни области.Иван Стоилковиќ, Демократска партија на Србите во Македонија.
„Можеме да кажеме дека денеска Република Македонија и Република Србија навлегоа во една нова приказна, во еден нов политички однос, така да само во изминатата 2011-та година се потпишани четири меѓудржавни договори за соработка во разни области. Помеѓу Република Македонија и Република Србија е потпишан и договор за поминување на границата со лична карта. Следејќи ја политiчката и економската соработка, соработката меѓу двете држави се повеќе добива на интензитет.“
Кога станува збор за црковното прашање, Стоилковиќ смета дека тоа се повеќе добива друга димензија.
„Тоа прашање се повеќе ја има онаа вистинската димензија онаа верската и дека работата на политичарите пред се ќе биде да ги усмеруваат и да создадат амбиент црковните водачи да седнат и конечно еднаш за секогаш да стават точка на проблемот во меѓусебните одниси.“
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески вели дека според бројките, соработката на економски план е позитивна. Трговската размена меѓи двете земји во изминатава година е зголемена за 26 насто.
Мислиме дека како соседна земја, како поголема земја од нас дека има можности за понатамошен развој.Бранко Азески, Стопанска комора на Македонија.