Достапни линкови

Вранишковски ги бранува македонско-српските односи


Аривска фотографија: Македонскиот државен врв и претседателот на Србија Борис Тадиќ.
Аривска фотографија: Македонскиот државен врв и претседателот на Србија Борис Тадиќ.

Зошто Вранишковски сега се врати во земјава? Македонија и Србија сакаат неговиот случај да го држат настрана од односите меѓу двете држави, но тој секогаш создавал историја којашто е повеќе од црковна.

Иако и Македонија и Србија сакаат да го држат настрана од односите меѓу двете држави, случајот Вранишковски секогаш создавал историја во овие дипломатски односи којашто е повеќе од црковна. Лавината обично тргнува од медиумите и српската опозиција и се сведува на бениген проблем во инсититуционалните релации. Познавачите на состојбите очекуваат дека оваа тема нема да може да биде заобиколена ниту на претстојната посета на српскиот претседател Тадиќ и министерот за вера на Скопје.

Повторното судење ќе го наметне повторно прашање и ќе ги вжешти според мене релациите Скопје-Белград, затоа што инсистирањето да се регистрира сега неговата ПОА овде и делот на религиозните и верските слободи ќе биде мислам „обландата“ под која ќе се бие таа политичка, а не само правна битка пред судот.
Владо Бучковски, поранешен премиер.
Дали влегувањето на Вранишковски во Македонија е свесно е прашањето во чиј одговор лежи и одговорот дали тој бара свесно повторување на судската постапка и што се ќе успее да разбранува со ваквиот след на настаните.

„Повторното судење ќе го наметне повторно прашање и ќе ги вжешти според мене релациите Скопје-Белград, затоа што инсистирањето да се регистрира сега неговата ПОА овде и делот на религиозните и верските слободи ќе биде мислам „обландата“ под која ќе се бие таа политичка, а не само правна битка пред судот“, изјави поранешниот македонски премиер Владо Бучковски.

расчинетиот владика Јован Вранишковски
расчинетиот владика Јован Вранишковски
Професор Јован Донев се потпира на официјалните изјави од страна на српските државни институции во кои, како што вели, никогаш не можело да се насети подлога за влошување на односите меѓу двете земји. Случајот, според него, е во завршна фаза и не очекува дека евентуални проблеми би биле поттикнати во српската јавност.

Очигледно дека Српската православна црква не може така лесно да се ослободи од него, бидејќи таа го создаде, сега мора да му бара начин и пат како некако да му даде простор и можност за негово делување, бидејќи кај нас го нема тој простор и можност.
Владика Петар.
„Ако зборувавме на почетокот, тогаш во ред, можеше и некој да се сомнева дека тоа е наместено, дека тоа е од други причини судење и така натака. Меѓутоа сите постапки во Република Македонија се завршени со пресудата, врз основа на сето тоа издадена е меѓународна потерница по него, така да јас не верувам дека ќе има некои сериозни реакции во српската јавност“, вели Донев.

Вранишковски беше осуден во 2009 година на две и пол години затворска казна при што требаше да врати околу 250 илјади евра. Пресудата беше изречена во отсуство бидејќи тој избега од земјата поради подредениот притвор. Претходно тој беше осуден за предизвикување расна и верска омраза, нетрпеливост и раздор за која реагираше СПЦ, државнотот раководство на Србија и неколку невладини организации. Што се однесува до МПЦ, Владиката Петар само додава дека Вранишковски е завршен проблем но очекува дека тој и натаму ќе добива закрила во СПЦ.

„Очигледно дека Српската православна црква не може така лесно да се ослободи од него, бидејќи таа го создаде, сега мора да му бара начин и пат како некако да му даде простор и можност за негово делување, бидејќи кај нас го нема тој простор и можност.“

Во 2003 година, Вранишковски ја напушти матичната МПЦ и ја формираше ПОА.
XS
SM
MD
LG