Достапни линкови

Прашајте што мислат студентите


Дона Костуранова, претседателка на Младински образовен форум
Дона Костуранова, претседателка на Младински образовен форум

Како успеавме да создадеме студенти кои не можат да се изборат за своите права и кои дозволуваат манипулации во системот? Што направивме студентите да бидат исклучени од подобрувањето на образованието и својата заедница?, пишува за РСЕ Дона Костуранова, претседателка на Младински образовен форум.

Купуваме книги за да добиеме потпис, а не за да учиме од нив. Чекаме редици пред студентски служби и заглавуваме во административни лавиринти за едноставни нешта како земање диплома. Толерираме препишување на испити и плагијати како што прават и нашите асистенти. Вадиме книшки за да можеме добиеме легло во дом кој се распаѓа. Живееме студентски животи каде моралот е изместен а приоритетите се сведени на основните потреби и обврски, наместо на лично и општествено напредување.
Не треба да ни биде прифатливо во студентски дом да се добива легло со фалсификувани документи. Не смее да не реагираме кога колегата одлучува да плати за дипломски труд. Не може да толерираме корупција или да ја практикуваме како норма за добивање на основните права. Високото образование треба да биде помалку интригантна игра, а повеќе меритократски систем од кој ќе добиеме најмногу што можеме и за кој ќе работиме да го подобриме.

Иако живееме во земја во која младите силно го вреднуваат високото образование, во која има над 60.000 студенти, квалитетот и транспарентноста многу бавно напредуваат. Во ситуација кога младите (и нивните семејства) сакаат да студираат загрижувачки е до кој степен со соочуваме со основни препреки за прогресот на образованието во форма на корупција и нетранспарентност.
Често се случува самите професори да ги посочат студентите како главни виновници за позицијата во која се наоѓаат со префрлање на топката – дека тие се обиделе да ги информираат студентите, но тие биле неизаинтересирани. Ако увидуваме дека просечниот студент не знае кои се телата што треба да го преставуваат и кои се механизмите кои му стојат на располагање, не смееме да ги креваме рацете. Не може да заборавиме дека управата, професорите, претставниците и организациите се тие кои треба да ги поттикнат студентите на активно вклучување.

Не треба да ни биде прифатливо во студентски дом да се добива легло со фалсификувани документи. Не смее да не реагираме кога колегата одлучува да плати за дипломски труд. Не може да толерираме корупција или да ја практикуваме како норма за добивање на основните права. Високото образование треба да биде помалку интригантна игра, а повеќе меритократски систем од кој ќе добиеме најмногу што можеме и за кој ќе работиме да го подобриме.

Истражувањата поразуваат
.
Трите најголеми проблеми на македонскиот студент се недостапноста на опрема и предавални, митото и непотизмот. Повеќеод половина од студентите велат дека не одбиле да купат книга од професор која била услов да го полагаат испитот, а само 11% од студентите сметаат дека можат да се пожалат за случај на корупција кај одговорно лице без да се загрозат себе си.
Студентите кои живеат во домовите како втор најголем проблем ја посочуваат корупцијата, секако после лошиот стандард. А сепак 62% од студентите во домови мислат дека ништо не би се променило дури и кога би пријавиле корупција.

Како успеавме да создадеме студенти кои не можат да се изборат за своите права и кои дозволуваат манипулации во системот? Каде згрешивме за да се толерира корупцијата и да се практикува како нормален начин да се добие нешто? Што направивме студентите да бидат исклучени од подобрувањето на образованието и својата заедница?

Трите најголеми проблеми на македонскиот студент се недостапноста на опрема и предавални, митото и непотизмот. Повеќеод половина од студентите велат дека не одбиле да купат книга од професор која била услов да го полагаат испитот, а само 11% од студентите сметаат дека можат да се пожалат за случај на корупција кај одговорно лице без да се загрозат себе си.
Ги оставивме сами, неинформирани, намерно изолирани. Не дадовме се од себе да ги знаат правилниците и стаутите, да цитираат етички кодекси и да ги пишуваат таму каде што ги нема. Не ги научивме да поставуваат прашања подлабоки од „Дали може да го презакажеме испитот?“. Не покажавме дека институциите се тука за нив, а не обратно. Не им кажавме дека во високото образование мора и треба да се вклучат во повеќе од она што е задолжително. Направивме се за да не учествуваат во управувањето на универзитетите. Велам ние, иако тоа го направија тие.

Официјално во името на студентите

Знаеме дека многу студенти имаат проблем со толеранција на препишување или плагијаризирање на дела. Но дали е разумно да очекуваме студент, доколку кој никој не прозборел за корупција, да истапи сам против „сите“ и да бара транспарентност и етика кога стравува дека тоа може да го загрози?
Првата инстанца на студентско организирање, застапување и влевање на почит за правата на студентот кај нас не фунционира. Ако во средните училишта немаме можност да практикуваме демократија и средношколско организирање, во високото образование имаме можност немо да набљудуваме фасада од организација која зборува во името на студентите на најголемиот државен универзитет. Онаа организација која би требало да биде бранител на студентите, незапирлива енергија за подобрување на образованието, за мултиплициње на потенцијалот на студентите во општествената сфера е тивка елитна организација до која ретко кој може да допре.

Мистериозната организација за која до пред некоја година сите студенти беа молчеливо принудени да плаќаат партиципација се нарекува себе си парламент и зборува во името на студентите. А кој ја избрал? Без цензус на излезност на избори и со претседател избран од една десетина од студентите таа работи „за“ студентите, ги „претставува“ во сенатот, изведува повремени акции и спортски натпревари. А на оваа организација едвај може да и се најде статутот, правилникот за избори или годишните извештаи, програма и буџети. На нивниот веб сајт не може да се најде ни нивната контакт адреса. Оваа организација веќе со месеци доцни со распишување на избори на раководството на кое му е истечен мандатот, но ретко кој може да направи нешто околу тоа затоа што ретко кој го има Статутот и знае дека мандатот е истечен.

Има ли гласни студенти? Тоа се оние кои бараат системски решенија за да се воведее плурализам во студентското организирање, укинување на партиципацијата за сојузот, промоција на етика, подобри студентски домови, борба со корупцијата.Тоа се оние кои бојкотираат избори и собираат петиции. Но овие студенти до сега најчесто допираат само до медиумите и до некој прифатен амандман. Овие студенти ретко комуницираат со Сојузот, ретко се поканети на средба со управата, со министерството. Тие не наидуваат на интерес за заедничко решавање на проблемите и надминување на предизвиците. За жал често овие млади само добиваат етикета на непријатели, наместо потенцијални партнери на институциите за зедничко унапредување на образованието.

Подготвени да се чуеме?

Институциите треба да се погрижат почесто да комуницираат со своите студенти, да го бараат нивното мислење и да бидат подготвени да го чујат. Институциите треба да ги прашаат студентите кои им се очекувањата од високото образование, кои им се приоритетите и со кои проблеми се соочуваат. Да видат колку се запознаени со своите права и колку сметаат дека тие се почитуваат. Да бидат подготвени да работат за студентите затоа што нема да им обезбедиме квалитетен и активен студентски живот ако не знаеме што сакаат.

На студентите потребно е да им се овозможи да се организираат слободно, демократски и плуралистички, и да не се дозволува квази-парламенти да бидат бариера меѓу студентите и институциите. Не смееме да дозволиме оние кои се чувстуваат изолирано и репресирано да молчат осамени, а оние кои зборуваат во јавноста да водат монолози наместо дискусија.
Отворени врати и транспарентен систем се неопходност за да почнеме да ги правиме првите чекори, за студентите вистински и свесно да кажат што им треба, да го земат максимумот од високото образование и да бидат вреднувани според заслугите.
XS
SM
MD
LG