Достапни линкови

Се враќа интересот за физиката


Средношколци на натпревар по физика во Куманово
Средношколци на натпревар по физика во Куманово

Ако порано физиката не беше популарна, сега повторно станува интересна за средношколците и основците. На неодамна одржаниот напревар по физика во Куманово, учествуваа околу 300 ученици.

Во ерата на експанзијата на информатичката технологија, кога сите, а првенствено младите луѓе најголем дел од времето поминуваат пред компјутер, пријатно изненадува кога ќе се забележи дека новите генерации се заинтересирани и за природните науки.
Физиката изминатиот период не беше популарна меѓу младите и заинтересираноста беше мала. Тоа е забележано и на студиите по физика каде што годишно се запишуваа по пет до шест студенти. Од тие причини оваа бројка пријавени ученици за натпревар пријатно изненадува.
Штефица Ујчиќ, професорка по физика во кумановската гимназија.

Штефица Ујчиќ, професорка по физика во кумановската гимназија.
Штефица Ујчиќ, професорка по физика во кумановската гимназија.
Физиката е наука која не само што ги привлекува, туку и таа е основа на сите науки, велат некои од средношколците во Куманово. Ова е пријатно изненадување и за професорите по физика, кои до пред некоја година мака мачеле со младите што повеќе да им ги доближат физичките закони и појави. Средношколците покажуваат глад кон новите знаења. Дека е така, евидентно беше и на последниот регионален натпревар по физика одржан во кумановската Гимназија „Гоце Делчев“. Претесен беше планираниот простор да прими околу триста основци и средношколци од Куманово, Скопје, Крива Паланка, Кратово, Велес, Кавадарци и Неготино.

„Физиката изминатиот период не
Младите треба се повеќе да посветуваат внимание на науката. Да се тргнат од споредните непотребни активности, да се посветат на дружењето, но треба да се посветуваат на науката и на знаењето, затоа што знаењето е се што треба да поседуваме бидејки така се градиме како личности.
Милован Тошиќ, средношколец.
беше популарна меѓу младите и заинтересираноста беше мала. Тоа е забележано и на студиите по физика каде што годишно се запишуваа по пет до шест студенти. Од тие причини оваа бројка пријавени ученици за натпревар пријатно изненадува“, вели Штефица Ујчиќ, професорка по физика во кумановската гимназија.

Таа го дава нејзиното мислење зошто е тоа така:

„На младите сепак им треба некоја сериозна забава како што е содржината на физиката, решавање на проблемите од физиката, што е добар тренинг како да се справуваат со проблемите во животот и во професијата.“

Одбележување на јубилеите за светските научници, како што се Тесла и Ајнштајн можеби кај младите ја разбудило желбата за физиката, за што професорката Ујчиќ вели:
Средношколци на натпревар по физика во Куманово.
Средношколци на натпревар по физика во Куманово.

„Во последно време се посветува внимание на големите имиња. Интересни се и популарни меѓу учениците. Нивните мисли се рекламираат, се цитираат, децата ги сакаат, ги почитуваат и мислам дека има влијание.“

А средношколците велат дека одлучиле да се подготвуваат за натпреварот за да си го проверат знаењето од науката која ги привлекува.

„Физиката е природна наука и јас како љубител на природините науки се пријавив за да видам колку знам и што треба уште да се дополни. Имам планови и во идина да ги изучувам природните науки“, вели средношколецот Коста Томовски.

А, Милован Тошиќ, вели:

„Младите треба се повеќе да посветуваат внимание на науката. Да се тргнат од споредните непотребни активности, да се посветат на дружењето, но треба да се посветуваат на науката и на знаењето, затоа што знаењето е се што треба да поседуваме бидејќи така се градиме како личности.“

Бисера Стојановиќ и Мила Димковска додаваат:

„Ми се допаѓа физиката како наука, мистериите кои се откриваат преку неа.“

„Воопшто не е чудно, не привлекува, треба некои работи да се знаат иако технологијата оди напред, физиката се употребува во секој сегмент од животот.“

„Со интернетот ние се полесно и повеќе доаѓаме до сознанија од физиката. Ја сакам уште од почеток, бидејќи не се само формули, туку треба и логика. А таа е потребна во животот“, велат кумановските средношколци.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG