Бројот на мигранти во пограничното село Лојане е зголемен, сега спијат во шумата и ги има околу 200 нови, вели претседателот на месната заедница во селото, Сељами Мехмети. Тој додава дека не е вистина тврдењето на полицијата дека селото Лојане е расчистено од мигранти, затоа што секојдневно им доаѓаат по неколкумина нови луѓе кои сега се плашат да бараат сместување по куќите и спијат во соседната шума. Мехмети вели дека викендов имало и помал инцидент.
„Моментално ситуацијата во Лојане е тешка. Имаме многу мигранти. Пред 3-4 дена имавме и еден инцидент, силување. Силувале едно момче од групата на мигранти, меѓу себе“, вели Мехмети.
Тој вели дека жителите стравуваат за својата безбедност и побара од полицијата почесто да патролира во регионот за да им помогне да се реши овој проблем со кој жителите се соочуваат повеќе од половина година.
Тој вели дека силувањето веднаш е пријавено во полиција.
РСЕ: А полицијата сега патролира почесто, како што вети дека ќе прави?
„Не, не, не, полицијата лаже дека го „исчистила“ Лојане од мигранти, тоа не е точно“, вели Мехмети.
Портпаролот на полицијата во Куманово, Валентина Николовска вели дека не бил заведен таков инцидент во Лојане, а викендов тие спровеле акција во која се уапсени двајца криумчари на мигранти. Николовска изјави дека засега немаат информации дали во таа област има уште мигранти и доколку добијат таков податок тие ќе постапат по него. Викендов полицијата при апсењето на двајцата криумчари на мигранти во нивниот двор пронашле 59 луѓе мигранти од Авганистан, Пакистан и Кина. За едниот од приведените е определена мерка притвор од 30 дена.
„СВР Куманово изготви кривична пријава против Б.И за кривично дело криумчарење на мигранти, бидејќи приведениот од користољубие веќе подолго време прифаќал и засолнувал мигранти во својот дом, при што секојдневно им наплаќал по 5 евра од човек, што значи дека дневно се стекнувал со противправно стекната имотна корист во износ од околу 300 евра, односно месечно околу 9.000 евра“, вели Николовска.
Проблемот со мигрантите во Лојане е стар неколку месеци. Кога наша екипа го посети селото, сретна десетини Авганистанци, Сомалијци, Пакистанци, Мароканци и Тунижани чија крајна дестинација беа Италија, Австрија, Германија или Франција. Некои од нив ни кажаа дека таму се со месеци, а некои од нив велеа дека неодамна ги депортирале од Србија.
Министерството за внатрешни работи во 2010 година открило 1.103 илегални мигранти од кои 766 биле откриени покрај граничната линија, додека останатите 337 биле откриени во внатрешноста на земјата. Во минатогодишниот извештај на МВР е наведено дека полицијата открила 27 кривични дела поврзани со криумчарење на мигранти при што откриле над 200 луѓе.
Моментално ситуацијата во Лојане е тешка. Имаме многу мигранти. Пред 3-4 дена имавме и еден инцидент, силување. Силувале едно момче од групата на мигранти, меѓу себе.Сељами Мехмети, претседател на месната заедница во Лојане.
„Моментално ситуацијата во Лојане е тешка. Имаме многу мигранти. Пред 3-4 дена имавме и еден инцидент, силување. Силувале едно момче од групата на мигранти, меѓу себе“, вели Мехмети.
Тој вели дека жителите стравуваат за својата безбедност и побара од полицијата почесто да патролира во регионот за да им помогне да се реши овој проблем со кој жителите се соочуваат повеќе од половина година.
Тој вели дека силувањето веднаш е пријавено во полиција.
РСЕ: А полицијата сега патролира почесто, како што вети дека ќе прави?
„Не, не, не, полицијата лаже дека го „исчистила“ Лојане од мигранти, тоа не е точно“, вели Мехмети.
СВР Куманово изготви кривична пријава против Б.И за кривично дело криумчарење на мигранти, бидејќи приведениот од користољубие веќе подолго време прифаќал и засолнувал мигранти во својот дом, при што секојдневно им наплаќал по 5 евра од човек.Валентина Николовска, портпаролка на СВР Куманово.