Достапни линкови

Центарот е Лојане, се шетаат и во Ваксинце


Селото Ваксинце кај Куманово
Селото Ваксинце кај Куманово

Имигрантите во Ваксинце се задржуваат само ден-два, за нив „поатрактивно“ е Лојане, велат жителите на кумановското село Ваксинце.

Несоодветно облечени, изморени, без патни исправи и без многу пари, по преминати стотина километри пеш, имигранти од сиромашните или со војната зафатените земји на Африка или Азија, поминувајќи низ Македонија, спасот го гледаат во некоја од Западноевропските земји.

Беа неколку пати, но заминуваат. Најповеќе се задржуваат во Лојане. Ги прашуваме каде планираат да одат, тие велат дека сакаат во Европа. Нормално дека ни е жал за нив, но државата треба да го реши тоа.
Адем Рамадани, жител на Ваксинце.
Како и кој им го покажува патот до липковските села на граница со Србија и Косово за жителите од Ваксинце е официјална непознаница. Тие само претпоставуваат, но негираат дека имигрантите подолго од ден-два или едно преноќување, остануваат во Ваксинце. Особено што велат дека во Ваксинце сите Албанци меѓусебе се познаваат, како едно семејство се, за разлика од соседното Лојане, каде што има и новодоселени од Јужна Србија или од Косово. Иако не многу студен јануарски ден, во Ваксинце нема
Адем Рамадани, сопственик на ќебапчилница во кумановското село Ваксинце
Адем Рамадани, сопственик на ќебапчилница во кумановското село Ваксинце
голема раздвиженост од месното население. По селските улици нема ниту странци.

„Во нашето село ретко некој да дојде. И ако има тој е на поминување. Може да преноќи, но дека остануваат подолго, не знаеме“, вели седумдесет ичетиригодишниот Адем Аќифи.

Неговиот соселанец Адем Рамадани кој веќе 20 години има сопствена
Проблеми нема, одат горе-долу но гледаат да поминат граница и да заминат во Европа.
Жител на Ваксинце
ќебапчилница раскажува дека има и непознати гости кои бараат храна кај него.

„Беа неколку пати, но заминуваат. Најповеќе се задржуваат во Лојане. Ги прашуваме каде планираат да одат, тие велат дека сакаат во Европа. Нормално дека ни е жал за нив, но државата треба да го реши тоа. Ние не можеме со нив да се разбереме, бидејќи не го знаеме јазикот. Некои велат дека од
Неџати Османи, локална самоуправа Липково.
Неџати Османи, локална самоуправа Липково.
економски, некои од политички проблеми избегале. Ниту се облечени, ниту се најадени. Првин ги сместуваа во џамија, ама оџата веќе не ги прима,зашто се туѓинци. Одат пешки. Таксистите не смеат да ги возат, зашто никој не сака да оди во затвор за 20-30 денари“, вели Рамадани.

Младите од Ваксинце одбегнуваат разговор со изговор дека не знаат
Жално е за тие луѓе. Локалната самаоуправа со поддршката од МВР треба да ги разрешава овие работи. Не е добро, бидејќи тоа се непознати луѓе и без докуметни за идентификација, не знаат јазик и не се разбираме. Се движат главно по два-тројца.
Неџати Османи, општина Липково.
македонски, сепак не негираат дека има Пакистанци.

„Има 15-ина. Во селото. Не се баш мирни.“

„Проблеми нема, одат горе-долу но гледаат да поминат граница и да заминат во Европа.“

Ваксинчани раскажуваат дека некои од имигрантите имаат поголеми суми пари. Иако престојуваат во Лојане, тие шетаат и во Ваксинце, особено во вечерните часови. Тие ги посетуваат и селските ресторани каде што, како што велат, има „жива“ музика. Имаат разбирање за нив, ги сожалуваат и сакаат да ги разберат дека од мака ги напуштиле нивните земји и се впуштиле во патешествие, во неизвесноста. Колку и некој од месното население да профитира наплатувајќи им по пет евра од ноќевање, сепак не е многу пријатно ако во селото има непознати со кои најчесто нема начин за разбирање.

„Жално е за тие луѓе. Локалната самаоуправа со поддршката од МВР треба да ги разрешува овие работи. Не е добро, бидејќи тоа се непознати луѓе и без докуметни за идентификација, не знаат јазик и не се разбираме. Се движат главно по два-тројца“, вели Неџати Османи од локалната самоуправа Липково.

Границата кон Србија и Косово од двете страни е шуплива како швајцарско сирење. Во овој период кон Србија или од таму нелегално преминуваат Пакистанци, Сомалијци, Авганистанци или имигранти од некои други земји во кои владее економска, политичка или воена криза. Пред една деценија, дури и во времето на конфликтот во липковските села заталкуваа и Романци. Некои од нив незабележано поминувале, а некои, пак, беа екстрадирани во нивните земји. Како и да е, во Ваксинце велат дека тие не се на удар од имигранти, зашто Лојане, кое е многу блиску до границата, е и „поатрактивно“.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG