Достапни линкови

Трст виа Лојане


Мигранти од Авганистан, кои моментално се во македонското село Лојане кај Куманово.
Мигранти од Авганистан, кои моментално се во македонското село Лојане кај Куманово.

Кумановското село Лојане е нова транзитна дестинација за мигрантите, кои од Азија и Африка преку Балканот сакаат да стигнат до европските земји. Лојане има проблем со нив, велат локалните власти и апелираат да се изнајде решение.

Трст виа Лојане за подобар живот е новата максима на авганистанските имигранти кои престојуваат во македонското село Лојане кое се наоѓа во близина на српската граница. Тие се надеваат дека среќата ќе им се насмевне и преку српската граница ќе појдат на печалба во некоја од европските земји. За неколкуте десетини Авганистанци, Сомалијци, Пакистанци, Мароканци и Тунижани кои ги сретнавме во селото, крајната дестинација им се Италија, Австрија, Германија или Франција.
Сакам да одам во Србија а потоа до некоја друга земја, немам документи со мене. Ќе останам тука уште некој ден и нема да се вратам повеќе. Дојдов преку Турција па во Грција.
Имигрант од Сомалија.

Некои од нив се таму со месеци, а некои се неодамна депортирани од Србија. Со дел од нив се обидовме да разговараме, иако наидовме на јазична бариера. Тие зборуваа најчесто на нивниот мајчин јазик, а со мештаните се обидуваа да се разберат со гестикулации.

Еден од Сомалијците што го сретнавме вели дека во Лојане е веќе 20 дена и дека сака преку Србија да замине во некоја европска земја и никогаш да не се врати во својата земја.
Мигрант од Сомалија во Лојане.
Мигрант од Сомалија во Лојане.

„Сакам да одам во Србија, а потоа до некоја друга земја, немам документи со мене. Ќе останам тука уште некој ден и нема да се вратам повеќе. Дојдов преку Турција, па во Грција.“

Неговата судбина ја делат и авганистанските мигранти кои преку
Дваесет дена сум тука, патувам 150 дена од Авганистан до Турција преку Грција во Македонија па кон Србија. За да дојдам до Лојане ми требаа 300 евра.
Мигрант од Авганистан.
Турција и Грција, со неколку стотина евра в џеб за превоз, доаѓаат во Лојане.

„Дваесет дена сум тука, патувам 150 дена од Авганистан до Турција преку Грција во Македонија па кон Србија. За да дојдам до Лојане ми требаа 300 евра.“

„Јас сум од Тунис, сакам да одам или во Франција или во Италија. Веќе три недели сум тука, патот до сега ме чинеше 500 евра. Еднаш ме вратија од Србија во​ Македонија, си дојдов пешки.“

Зима е и сега помалку доаѓаат, неколку десетини се, а и српските и македонските граничари почесто патролираат па сега ги има помалку, велат жителите на селото. Не е како пред два месеци кога беа околу 500-тини, додаваат. Дел од жителите со кои разговаравме ни кажаа дека се уплашени, затоа што пред неколу дена имало инцидент - двајца мигранти се степале при што едниот со нож го ранил другиот.

„Не знам сега дали е мртов или не е мртов, тука лежеше никој од селото не преземаше ништо додека не дојде полицијата и брзата помош да го земе. Понекогаш доаѓа полицијата, ќе земе по 2-3-ца ќе ги одведе до Куманово и тие повторно се враќаат овде, не знам во што е овој проблем, ќерка ми не може да излезе од дома, греота е тоа“, вели еден селанец.
Лојане - илегална станица кон Запад
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:19 0:00
Додека шетавме со нашиот водич низ селото, младиот Енис, не забележавме голема раздвиженост, видовме само дел од имигрантите кои се движеа во групи односно со своите сонародници. Тој ни покажа каде летоска престојувале имигрантите во шумата која се наоѓа во близина на границата каде што видовме само оставени ќебиња, облека и остатоци од храна. Оние кои што сега престојуваат во Лојане најчесто преспиваат во стари и напуштени куќи, во домовите на иселениците или, пак, во куќите на неколку жители кои им наплаќаат за престојот. Во тие куќи не можевме да влеземе и да позборуваме со домаќините.
Има некаков профит овде тоа се знае, профит имаат 10 посто од луѓето, а каде се другите 90 проценти? Доста е, веќе ни јас не би трпел, живеам тука подоле, не би трпел ви гарантирам. Сега се селат во село Ваксинце, сега има конкуренција, ви реков има некој профит тука.
Жител на Лојанe.

Имигранти во Лојане
Имигранти во Лојане
„Има некаков профит овде, тоа се знае, профит имаат 10 посто од луѓето, а каде се другите 90 проценти? Доста е, веќе ни јас не би трпел, живеам тука подоле, не би трпел ви гарантирам. Сега се селат во село Ваксинце, сега има конкуренција, ви реков има некој профит тука“, раскажува жител на селото.
Да го најдеме тој што е главниот, што ги организира, после ќе биде добро, затоа што Лојане има проблеми со нив(имигрантите), се плашат и децата и жени.
Сељами Мехмети, претседател на месната заедница на Лојане.

Претседателот на месната заедница на Лојане, Сељами Мехмети вели дека во неколку наврати пробал да им влезе во трага на организаторите со цел да и помогне на полицијата во решавањето на проблемот, но неуспешно.

„Се мачиме, долго трае, но тие ги менуваат телефоните, додека ги пронајдеме телефоните, тие ги смениле и така. Да го најдеме тој што е главниот, што ги организира, после ќе биде добро, затоа што Лојане има проблеми со нив(имигрантите), се плашат и децата и жени. Апелирам до оние на грчка граница, има 200 километри од граница до Лојане, тие доаѓаат со такси или со воз. Значи треба да се организираме да ги најдеме криминалците што ги донесуваат тука, што им земаат пари.“

Проблемот со имигрантите во Лојане трае веќе неколку месеци. Министертвото за внатрешни работи во неколку наврати соопшти дека работи на случајот и дека ќе биде испратена засилена контрола во селото, како и дека се воведени мерки за заострување на контролите на границите. Министерката Гордана Јанкулоска изјави дека по приведувањето на имигрантите се соочуваат со проблем, да ги вратат во земјата каде што пртходно престојувала затоа што наидуваат на непочитување на договорот за реадмисија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG