Осомничените се од Куманово и на возраст од 22 до 40 година. При полициската акција откриени се седум мигранти од Мароко, а по извршениот претрес биле одземени мобилни телефони и шест возила. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вели дека се работи за организирана група, која се бавела со криумчарење на луѓе од Блискиот и Далечниот исток и земјите од Африка, кои преку Македонија, Грција и Србија илегално биле пренесувани до западноевропските земји.
„Мигрантите по илегалниот влез во Македонија биле прифаќани од страна на членовите на македонската организирана криминална група во регионот на Битола од каде со возила биле транспортирани до реонот на Куманово, а потоа преку нелегални премини истите се префрлале на територијата на Србија.“
Министерката информираше дека тие биле дел од меѓународниот канал за трговија со луѓе, при што досега во неколку наврати илегално биле пренесени над 78 мигранти. Организаторите наплатувале од 1500 до 2500 евра по човек. Професорот Владимир Пивоваров вели дека најчесто се работи за добро организирани групи.
„Во кој влегуваат од самите извршители од граничната линија ако се оди по илегални правци или пак ако се оди по легални правци тука се вклучени службени лица кои се задолжени да се борат против ваквиот вид криминал, потоа патувањето на ваквите лица значи минување ако се оди со автомобил низ одредена територија во земјата и во таква ситуација нормално сите оние кои треба да го спречат тој криминал.“
Поранешениот началник на националното биро на Интерпол во Македонија, Душко Стојановски вели дека шверцот со луѓе е вносен бизнис кој се работи организирано на меѓународно ниво.
„Досега праксата покaжува дека главно тоа се мигранти кои од исток одат кон запад, обратен процес не се случува. Најчесто тоа се прави со помош на, ако имаме безвизен режим влегуваат во Македонија, преку Бугарија, најчесто преку Грција се движат кон Западна Европа.“
Според Пивоваров таквите акции на македонската полиција од политички аспект се важни за една земја како Макеоднија, која сака да стане членка на ЕУ.
Мигрантите по илегалниот влез во Македонија биле прифаќани од страна на членовите на македонската организирана криминална група во регионот на Битола од каде со возила биле транспортирани до реонот на Куманово, а потоа преку нелегални премини истите се префрлале на територијата на Србија
„Мигрантите по илегалниот влез во Македонија биле прифаќани од страна на членовите на македонската организирана криминална група во регионот на Битола од каде со возила биле транспортирани до реонот на Куманово, а потоа преку нелегални премини истите се префрлале на територијата на Србија.“
Министерката информираше дека тие биле дел од меѓународниот канал за трговија со луѓе, при што досега во неколку наврати илегално биле пренесени над 78 мигранти. Организаторите наплатувале од 1500 до 2500 евра по човек. Професорот Владимир Пивоваров вели дека најчесто се работи за добро организирани групи.
„Во кој влегуваат од самите извршители од граничната линија ако се оди по илегални правци или пак ако се оди по легални правци тука се вклучени службени лица кои се задолжени да се борат против ваквиот вид криминал, потоа патувањето на ваквите лица значи минување ако се оди со автомобил
Досега праксата покaжува дека главно тоа се мигранти кои од исток одат кон запад, обратен процес не се случува