За дел од домашните експерти идејата за формирање на широк опозициски фронт е неопходна, за други, пак, и не толку практична. Она во што се согласуваат е дека таквата иницијатива е тешко остварлива во македонски услови.
Универзитетскиот професор Здравко Савески вели дека повеќе веројатно е да се формира поширок, но не и сеопфатен опозициски фронт. Истиот во себе го носи ризикот партијата предлагач на оваа иницијатива да има помала поддршка на следните избори.
„Некои од луѓето кои би гласале за СДСМ, не би гласале за нив ако во таа негова коалиција влезат некои партии за кои имаат негативен став.“
Според професорот Етем Азири пак потребата од формирање опозициски фронт е неопходна, оти тоа е единственот начин да дојдете на власт.
„Опозицијата која постојано треба да ги следи грешките на власта во моментов треба да се здружи затоа што власта нема некои паметни алтернативи за надминување на кризата.“
Македонија има прешироки коалиции, а членките во нив се партии кои не влечат многу гласови, дециден е Савески. Таквите гласови се незначителни и претставуваат непотребно вложување на енергија од страна на главната опозициска партија.
„Треба таа внатрешно да се реформира ако сака да ја зголеми својата изборна поддршка наместо да брка мали партии со многу мала, незначителна поддршка.“
Ниското ниво на политичка култура, теснопартиските интереси и поставувањето на една партија како лидер во однос на другите во коалицијата се причините поради кои широкиот опозициски фронт е невозможна идеја, вели Азири.
„Лидерската партија ќе ги наметне своите правила на игра и другите опозициски партии нема да ги прифатат.“
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во интервју за нашето радио изјави дека широкиот опозициски фронт е потребен за да се порази актуелната власт и да се запре, како што рече, ова лудило во земјава. Тој изјави дека СДСМ е отворен за соработка со партиите од левицата, центарот и десницата и со албанските партии.
„Дали на крајот тоа ќе се реализира, јас не можам да тврдам бидејќи не зависи се од нас, тоа се повеќе субјекти, треба да се види која е нивната проценка, волја и желба. Меѓутоа од наша страна мислиме дека историскиот момент и предизвиците со кои што се соочува Македонија налагаат една таква работа“, рече Црвенковски.
Од македонските партии засега нема одговор дали ќе ја прифатат идејата на Црвенковски. Од ВМРО-НП чекале официјална покана, по што ќе решавале партиските органи. ЛДП сакале да слушнат како размислува СДСМ, но и социјалдемократите да го чујат нивниот став. Лидерот на ДПА, Мехдух Тачи не одбива разговори, но не верува дека ќе има простор за договор со Црвенковски. Лидерот на НДП, Руфи Османи, пак, изјави дека со Црвенковски би соработувал само доколку тој му се извини.
Некои од луѓето кои би гласале за СДСМ, не би гласале за нив ако во таа негова коалиција влезат некои партии за кои имаат негативен став.Здравко Савески, универзитетски професор.
Универзитетскиот професор Здравко Савески вели дека повеќе веројатно е да се формира поширок, но не и сеопфатен опозициски фронт. Истиот во себе го носи ризикот партијата предлагач на оваа иницијатива да има помала поддршка на следните избори.
„Некои од луѓето кои би гласале за СДСМ, не би гласале за нив ако во таа негова коалиција влезат некои партии за кои имаат негативен став.“
Лидерската партија ќе ги наметне своите правила на игра и другите опозициски партии нема да ги прифатат.Етем Азири, универзитетски професор.