Жестока расправа со чести меѓусебни обвинувања и дисквалификации ја одбележуваат собраниската седница за пратенички прашања. Мета на опозициските прашања, но и критики, најчесто беа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и премиерот Никола Груевски.
Пратеникот Зиадин Села од ДПА, обраќајќи му се на премиерот, ја обвини власта дека е виновна за повеќе трагични настани изминатиов период. Двојното убиство во Гостивар и убиството на Мартин Нешкоски се на совеста на министерката Јанкулоска, рече Села.
„Дали има морал министерот за образование кога рацете му се закрвени со крвта на 15 деца, ученици-Албанци коишто тргнаа да одат на училиште? Доколку одговорите дека има морал, тогаш вие немате морал“, рече Села.
На обвинувањата одговорија и премиерот Никола Груевски и министерката Јанкулоска.
„Вакво обвинување може само да се изнесе очигледно на ваква говорница каде што со закон пратеникот е заштитен од клевета и криејќи се зад говорницата, изразува клевети кон личности дека убивале, дека ги валкале рацете со крв, само за да придобие гласови. За да бидам и директен ќе кажам дека сите овие примери што ги наведе пратеникот се крајна манипулација. Во никој од случаите, никој од министрите нема постапено надвор од законот. Секој работел согласно овластувањата и законите и најдоброто што може да се направи во дадена ситуација и дадено случување“, рече Груевски.
„Можам веднаш најкатегорично да ги отфрлам сите негови тврдења по однос на прашањата кои беа поставени. Практично, пратеникот Зиадин Села се што кажа е неточно“, рече Јанкулоска.
Груевски рече дека ДПА е лицемерна, зашто додека биле во владејачка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ не ја сметала власта за антиалбанска, но сега, кога се во опозиција, ја смениле приказната.
Министерката Јанкулоска беше на нишанот и на пратеничката Билјана Казанџиска од СДСМ. Таа праша кога ќе биде разрешен командирот на полициската станица во Штип.
„Во Штип, на чело на полициската станица е поставен командир без соодветно образование, човек кој со полициската станица се однесува како да е негова приватна фирма и кој наместо да спречува вршење на кривични дела и прекршоци, тој учествува во истите. Наместо да ги открива сторителите и да презема мерки, тој е еден од нив“, рече Казанџиска.
На тоа одговори министерката Јанкулоска.
„Командирот на полициската станица од општа надлежност го избира, значи бидете внимателна ве молам госпоѓо пратеник бидејќи треба ова добро да го слушнете, верувам и ќе го запаметите, го избира Советот на оп-шти-на-та. Значи во Советот на општината седат советници. Тие советници припаѓаат на различни партии. Можеби и вашата партија, иако нема поддршка, има по некој советник во општината и може да гласа како што смета дека треба да гласа“, рече Јанкулоска.
Казанџиска не беше задоволна од одговорот.
„Командирот го поставува Со-ве-тот на пред-лог од ми-ни-стер-от, госпоѓо министер. А не ме ни чуди дека со вашиот однос кон ова Собрание и со вашата ароганција, не ме ни чуди што вакви работи ви се случуваат во министерстовото со кое вие раководите, госпоѓо министер“, реплицира Казанџиска.
Пратениците од опозицијата неколкупати процедурално се жалеа на односот на министерката Јанкулоска.
Дали има морал министерот за образование кога рацете му се закрвени со крвта на 15 деца, ученици-Албанци коишто тргнаа да одат на училиште?Зиадин Села, ДПА.
Пратеникот Зиадин Села од ДПА, обраќајќи му се на премиерот, ја обвини власта дека е виновна за повеќе трагични настани изминатиов период. Двојното убиство во Гостивар и убиството на Мартин Нешкоски се на совеста на министерката Јанкулоска, рече Села.
„Дали има морал министерот за образование кога рацете му се закрвени со крвта на 15 деца, ученици-Албанци коишто тргнаа да одат на училиште? Доколку одговорите дека има морал, тогаш вие немате морал“, рече Села.
На обвинувањата одговорија и премиерот Никола Груевски и министерката Јанкулоска.
Вакво обвинување може само да се изнесе на ваква говорница каде што со закон пратеникот е заштитен од клевета.Никола Груевски, премиер.
„Вакво обвинување може само да се изнесе очигледно на ваква говорница каде што со закон пратеникот е заштитен од клевета и криејќи се зад говорницата, изразува клевети кон личности дека убивале, дека ги валкале рацете со крв, само за да придобие гласови. За да бидам и директен ќе кажам дека сите овие примери што ги наведе пратеникот се крајна манипулација. Во никој од случаите, никој од министрите нема постапено надвор од законот. Секој работел согласно овластувањата и законите и најдоброто што може да се направи во дадена ситуација и дадено случување“, рече Груевски.
„Можам веднаш најкатегорично да ги отфрлам сите негови тврдења по однос на прашањата кои беа поставени. Практично, пратеникот Зиадин Села се што кажа е неточно“, рече Јанкулоска.
Груевски рече дека ДПА е лицемерна, зашто додека биле во владејачка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ не ја сметала власта за антиалбанска, но сега, кога се во опозиција, ја смениле приказната.
Командирот на полициската станица од општа надлежност го избира Советот на оп-шти-на-та.Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.
Министерката Јанкулоска беше на нишанот и на пратеничката Билјана Казанџиска од СДСМ. Таа праша кога ќе биде разрешен командирот на полициската станица во Штип.
„Во Штип, на чело на полициската станица е поставен командир без соодветно образование, човек кој со полициската станица се однесува како да е негова приватна фирма и кој наместо да спречува вршење на кривични дела и прекршоци, тој учествува во истите. Наместо да ги открива сторителите и да презема мерки, тој е еден од нив“, рече Казанџиска.
На тоа одговори министерката Јанкулоска.
Командирот го поставува Со-ве-тот на пред-лог од ми-ни-стер-от, госпоѓо министер.Билјана Казанџиска, СДСМ