Достапни линкови

Опозицијата глуми патриотизам


Опозицијата, со нејзиното остро противење да се слават стогодишнината од албанското знаме и сто години од поставувањето на првиот министер за одбрана во Владата на Албанија Мехмед Паша Дерала, „долева масло во оган“, сметаат дел од аналитичарите.

Собранискиот настап на опозицијата и нејзиното остро противење да се слават стогодишнината од албанското знаме и сто години од поставувањето на првиот министер за одбрана во Владата на Албанија Мехмед Паша Дерала, за дел од домашните аналитичари е „долевање масло во оган“.
Сега они долеаваат масло на таквата вжештена ситуација, дури и е неприродно за една политичка партија која на некој начин е профилирана и е идентификувана како партија кoја не ги подгрева страстите, сега да се занимава со едно вакво периферно прашање.
Насер Зибери, политички аналитичар.

Политичкиот аналитичар Насер Зибери вели дека ваквата реакција на опозиционите партии е резултат на две причини, доминантниот фолклор во политиката на Владата, односно одбележувањето на важни и помалку важни датуми.

„Второ е причина на едно истакнување на политичките партии, тука пред се е СДСМ, со некакви алтернативни решенија во ситуација кога навистина немаат некој позначаен проект со кој ќе и контрираат на ваквата политика на Владата“, изјави Зибери.
Собрание дебата
Собрание дебата

Според него, неприродно и лицемерно е партијата која повикува на смирување на меѓуетничките тензии и враќање на соживотот да се противи на одбележувањето на годишнините кои имаат голeмо значење за Албанците кои жевеат во земјата.
Ако веќе одиме со државни пари да славиме Денот на албанското знаме, тогаш со државни пари ќе треба да ги славиме и Денот на Ромите и Денот на Србите, Св. Сава и Ѓурговден или Денот на Власите.
Соња Стојадиновиќ, политиколог.

„Сега они долеаваат масло на таквата вжештена ситуација, дури и е неприродно за една политичка партија која на некој начин е профилирана и е идентификувана како партија кoја не ги подгрева страстите, сега да се занимава со едно вакво периферно прашање.“

Со оглед на целокупното однесување на опозицијата во изминатите неколку години и нивното неконструктивно дејствување, ваквиот настап на опоцизијата не е изненадување и е само обид да се добијат политички поени, вели политикологот Соња Стојадиновиќ.

„Ако се земат предвид досегашните акти и предлози на опозицијата и нејзината бледа опозициска слика, до некаде може да се каже дека е глумење на лажен патриотизам и давање на некои предлози конкретни само за да се задржат постоечките гласачи и до некаде и некои други да се привлечат.“

Од друга страна, пак, Стојадиновиќ смета дека славењето на стогодишнината од албанското знаме како државен празник ќе ја претвори државата од мултиетничка во двоетничка држава.

„Ако веќе одиме со државни пари да славиме Денот на албанското знаме, тогаш со државни пари ќе треба да ги славиме и Денот на Ромите и Денот на Србите, Св. Сава и Ѓурговден или Денот на Власите и така натаму“, вели Стојадиновиќ.

Собраниската дебата за предлог-програмата за одбележување на значајни личности и настани помина во тензична атмосфера и со меѓусебни препукувања на власта и опозицијата. Социјалдемократите обвинија дека власта сака да го редефинира македонскиот идентитет, а од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека СДСМ ги подгрева меѓуетничките односи.

Најави за одбележување на настаните поврзани со стогодишнината од формирањето на албанската држава имаше уште минатиот месец. Тогаш вицепремиерот за рамковен договор Муса Џафери изјави дека македонската држава со пари од буџетот ќе ги финансира прославата на стогодишнината од формирањето на албанската држава и Денот на албанското знаме.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG