Достапни линкови

Обединета опозиција, пуста желба


СДСМ изрази подготвеност да соработува со сите партии кои сметаат дека политиките на оваа власт се погрешни. Колку во албанско-македонскиот блок на политички партии идејата за окрупнување може да се оствари?

СДСМ и лидерите на партиите од опозицскиот фронт изразија подготвеност за соработка и можни настапи на избори со сите политички партии кои не се согласуваат со владините политики. Таквата можност веќе се најавува подолго време но немаше понагласени наводи дека доаѓа до здружување.

Такви иницијативи секогаш постојат, но при создавање ваква опозиција ќе мора малку посериозно да разговараат.
Исмет Рамадани, аналитичар.
Лидерот на НДП, Руфи Османи и потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Лидерот на НДП, Руфи Османи и потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Засега, лидерите на ВМРО-НП и на ЛДП минатата недела постигнаа договор за меѓусебна соработка. Идејата за окрупнување на опозицискиот фронт на кој во наредниот период би можеле да му се приклучат политички субјекти е прашање што ги засега сите партии од опозицијата кои сметаат дека политиките на оваа ​власт се погрешни. Така се зголемуваат шансите за подобри резултати, наведува политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.

„Такви иницијативи секогаш постојат, но при создавање ваква опозиција ќе мора малку посериозно да разговараат.“
Многу е лесно граѓанска партија да направи коалиција со друга граѓанска партија, па дури и не е невообичано, не зборувам само за Македонија туку и на европско ниво, и партии што не се толку идеолошки блиски да направат коалиција, но говориме за граѓански партии од едната страна и етнички партии од другата страна, мислам дека тука не е малку, туку е многу потешко.
Владимир Божиновски, политички аналитичар.

Досега предизборно не сме имале искуство македонски и албански политички партии да настапат заедно. Ова продолжува да привлекува внимание кај политиколозите за коментари колку во албанско-македонскиот блок на политички партии идејата за окрупнување може да се оствари. Политичкиот анлитичар Владимир Божиновски мисли дека и во наредниот период партиите ќе делуваат паралелно.

„Многу е лесно граѓанска партија да направи коалиција со друга граѓанска партија, па дури и не е невообичано, не зборувам само за Македонија туку и на европско ниво, и партии што не се толку идеолошки блиски да направат коалиција, но говориме за граѓански партии од едната страна и етнички партии од другата страна, мислам дека тука не е малку, туку е многу потешко.“

Секогаш мултиетничките влади се формираат по избори. Но, за сите прашања нема согласност ниту во владината коалиција, коментира Исмет Рамадани. Според него, некои од прашањата од етнички карактер ќе треба партиите пред време да ги решат, да формираат некоја заедничка платформа, а на избори партиите да одат како самостојни субјекти.

„Ако не можат т.н. класична коалиција да направат, мислам дека имаат многу допирни точки да соработуваат опозициските партии и мора да се создаде впечаток кај граѓаните дека опозициските партии се здружени и во тоа да веруваат граѓаните што се опозициски настроени.“

Пред избори секогаш се мисли како да се освојат повеќе гласови. Со коалицирање пред избори, некои проценуваат и дека може и да се изгубат гласови.

„Прашање е колку ќе може поддржувачите и на едните и на другите да го прифатат тоа коалицирање“, наведува Божиновски.

Лидерите на опозицијата на последната редовна координација за идните активности констатираа лоши состојби во земјата и заклучија дека генералните политики на оваа власт ја носат земјата во погрешен правец.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG