Да почнеме со самитот на НАТО во мај. Господине Црвенковски какви се вашите очекувања од Самитот и како го коментирате односот на Владата кон ова? Владата веќе се изјасни дека немаат преголеми очекувања од овој Самит, зашто нашите напори за зачленување во Алијансата продолжувааат и после тоа.
Ако ги следиме информациите кои се достапни во јавноста, а само тие ги имаме, тоа значи изјавите на официјалните преставници на Алијансата, на генералниот секретар Расмусен, потоа во името на Вашингтон изјавите што ги дадоа господинот Рикер, амбасадорот Волерс, меѓутоа и оние информации кои доаѓаат од главните градови на другите клучни земји члeнки на Алијансата, може да се заклучи дека простор за оптимизам не постои. Впрочем и самите изјави и интервјуа што ги даваше премиерот во изминатиот период, каде што отиде дури до таму дека не требало наредните 5, па дури и повеќе години да се очекува поместување на тој план, говорат дека работите стојат во место, да не речам се враќаат назад.
Од друга страна, контроверзни беа најавите на Владата во изминатиот период, од една страна се обидуваат да го релавитизираат Самитот и очекувањата на граѓаните, од друга страна најавија дипломатска офанзива, користејќи ја пресудата од Хашкиот суд на правдата, како клучен аргумент пред Самитот на НАТО. Меѓутоа кога ќе видиме каде се главните активности насочени, каде е во овој момент премиерот е присутен со своите патувања, можеме да заклучиме дека таа дипломатска офанзива всушност не ни почна. Посетите на Индија, на Малезија, на Катар говорат дека за оваа влада, НАТО и нашето зачленување во Алијансата не преставуваат приоритет, барем не во овој период.
Дали сметате дека владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ ќе биде стабилна и по исходот од тој Самит?
Јас не знам какви се анализите и кои се намерите на тесните партиски раководства на коалиционите партнери во Владата, повторно можам да заклучувам, врз основа на оние изјави кои се даваат во јавноста, дека сепак оваа влада има шанси да продолжи да функционира и после Самитот на Алијансата во Чикаго, со тоа што сметам дека маневарскиот простор на ДУИ и на господинот Али Ахмети се стеснува. Имено мислам дека после долг период на заедничко коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ и со Груевски, едноставно не можат да ја играат онаа двојна игра, дека од една страна се силни поборници за нашето евроатланско интегрирање и од друга страна да седат во Владата којашто не прави ништо тоа да се случи. Со други зборови ќе мораат да ја делат и да ја споделуваат одговорноста со Груевски и со ВМРО-ДПМНЕ на тој план и тоа е нешто со кое што ДУИ ќе мора да се соочи пред се пред своето гласачко тело.
Во изминатиот период се случија настани кои заличија на настани со потенцијал да предизвикаат меѓуeтнички тензии. Можни ли се нови меѓуетнички тензии? Деновиве актуелни се иницијативи за промена на имиња на училишта во мултиетнички средини, за промена на имиња на улици...
Меѓуетничките односи за секојa држава, посебно за ваква држава со сложена етничка и религиска структура каква што е Македонија, мора да преставуваат највисок приоритет. Не смее да се потцени ниту еден генератор на ризик, макар во прв момент тој изгледал мал или маргинален и тука мислам дека е клучната грешка на оваа власт во изминатиот период, дури отворено, јавно соопштуваа дека меѓуетниките односи се нешто со што тие нема да се бават, ќе ги стават на страна, тоа едноставно не смее и не може да биде.
Меѓутоа не само тоа, туку оваа власт со свои политики креираше еден амбиент којшто би рекол погодуваше да се случуваат вакви инциденти какви што ги имавме во последниот период. Само да ве потсетам, да речеме на збиднувањата пред година, пред година и два-три месеци на скопското Кале, каде што е точно дека имаше судир на млади Македонци и Албанци, каде што беше употребено буквално секакво оружје освен огненото оружје, меѓутоа да не заборавиме дека целата работа отпочна со тоа што делот на власта од редовите на ВМРО- ДПМНЕ преку ден градеше, а делот на власта од ДУИ преку ноќ во присуство на камери уриваше црква на скопското кале.
Или да речам целата ситуација креирана со пописот во октомври месец кога коалиционите партнери сами донесоа Закон, не прифаќаа никакви сугестии од страна на опозицијата или од било кој друг, сами ја формираа државната пописна комисија, сами ги примаа попишувачите, за да на крајот сами го прекинат пописот, обвинувајќи се меѓусебно или некаков апстрактен замислен противник за некаков фалсификат, па се да одиме до случувањата во Струга и струшко каде главни експоненти повторно беа два градоначалника, едниот од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Вевчани, другиот од ДУИ, градоначалник на Струга. Значи се креираше амбиент генерално којшто ги влошуваше меѓуетничките односи, ја намалуваше меѓусебната доверба и овие инциденти што ни се случуваа сега со физичките пресметки по автобуси во различни делови на Скопје или во други градови, едноставно се еден одглас на така креираниот амбиент.
Оваа влада, оваа коалициона влада не разбира дека меѓуетничките односи не можат и не смеат да се сведат само на односи Груевски-Ахмети и ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ. Тие може одлично да се согласуваат во Владата околу бизнис интересите, околу вработување на партиски војници, околу распишување и доделување на тендери, меѓутоа тоа е однос помеѓу 100 и 100 луѓе, а не вистинска политика за градење на добри меѓуетнички односи.
Има ли СДСМ конкретно решение за спорт за името со Грција и која е разликата со ВМРО-ДПМНЕ, ако и вашата партија зазеде став дека ќе се оди на референдум?
Социјалдемократскиот сојуз е опозициска партија, ние ги немаме не најклучните, немаме никакви информации од тоа како се одвиваат преговорите, која од страните што предложила, какви отстапки направила, на што инсистира и од тој аспект гледано ние и не само ние како Социјалдемократски сојуз, никој надвор од кругот на луѓе што ги водат преговорите не може да понуди конкретно решение, тоа би било крајно неодговорно, несериозно, дури и штетно би рекол за самите преговори и за интересите на државата.
Што се однесува до референдумот, точно е. Ние пред парламентарните избори одржани на 5 јуни ја прифативме идејата на ВМРО-ДПМНЕ, не затоа што мислевме дека е најдобра или добра, туку зашто ако власта вели без референдум нема решение, едноставно сакавме да создадеме амбиент да има решение, прифакајќи ја и самите идејата за референдум. Кога ме прашувате каква е разликата, разликата е крупна, а тоа е дали сме искрени или неискрени во намерите. За нас, за СДСМ евроатланските интеграции се со највисок приоритет и секој проблем што не попречува да ги реализираме тие стратешки цели треба да се надминува и да се решава. А не како што го прави оваа власт да се бара начин и изговор зашто проблемот нема да се реши, зошто сме ние блокирани веќе 6 години во пристапувањето кон НАТО и кон Европската унија.
Добро, но дали во СДСМ во интерес на придобивање на повеќе гласови го врти курсот кон се понагласен патриотизам?
Не би рекол дека е тоа така, не се работи за никаква тактика туку се работи за една принципиелна политика. Јас тоа можам да го објаснам преку конкретни примери, да речеме кога говориме за амнестијата на хашките случаи, едноставно не се работи за тактички пристап или настап од страна на СДСМ за да придобива гласови, туку за еден принципиелен став, амнестија за воени злосторства против човештвото не може и не смее да има, дека таквите случаи едноставно мораат да добијат судска разрешница и дека ова што го направи оваа власт и парламентарното мнозинство се коси и со меѓународниот правен поредок. Бидејќи во меѓународни размери нема амнестија за воени злосторства. Уште еднаш ќе повторам, не се работи за никакво менување на курсот, туку во зависност од тоа во однос од кое прашање треба да се тргнуваме од принципиелни позиции кои сме ги имале порано и ги имаме и сега.
Тврдите дека во Македонија владее сиромаштија, но пари има и за Скопје 2014, за плати и пензии, за субвенции...
Не тврдиме ние дека има сиромаштија, сиромаштијата е факт, е реалност, е вистина. На крајот и краиштата официјалните државни институции кои се под контрола на оваа власт ги даваат бројките. Во Македонија повеќе од 30 отсто, значи една третина, живее под прагот на сиромаштија. Секое трето семејство се бори да преживее од денес за утре, да се нахрани и ништо друго. Стапката на невработеност е 32 проценти. Не опозицијата, не СДСМ, или некој критички настроен медиум, туку лондонски Економист, оној на кој што оваа влада му плати стотици и стотици илјади евра за да се рекламира не стави на прво место на табелата на најмизерни земји и сосема сте во право делува апсудрно, нелогично, ненормално делува да во држава каде што има толкава сиромаштија, каде што луѓето страдаат, каде што стандарот се уништува со од ден на ден енормното зголемување на цените, на живеачката на основните потребштини. Владата решава досега да потроши околу 350 милиони евра, а никој не знае колку тоа ќе изнесува до крајот за еден проект како што се нарекува Скопје 2014, значи за споменици, Триумфални капии, музеи и логично е за секого во Македонија, а исто и за секого кој ја следи земјава од надвор да се постави прашањето „Зарем толку сте богати?“ Вие сте најсиромашни, живеете најмизерно, имате рекодна стапка на невработеност, а финансиските ресурси, тие со кои што располагате ги трошите за такви непродуктивни цели, коишто се инвестиции кои што не се враќаат. Тоа не можат да си го дозволат ни побогати земји. Јас тврдам дека тука не се работи за никаква љубов кон уметноста или почитување кон историјата, овој проект во најголема мера се форсира и е мотивиран од можноста од реализирање на криминални намери.
Можно ли е вистинско обединување на партиите од опозицијата, мислам и на партиите од албанскиот блок со цел да се собори оваа, како што велите, „ненародна влада“ и кој би бил лидер?
Па ние веќе од пред неколку месеци јавно ја промовиравме идејата и потребата дека состојбите во Македонија се такви што сите кои што се одговорни и сериозни треба да ги остават на страна личните и партиски тесни интереси и дека треба да се направи еден широк опозиционен фронт, се со цел да се запре ова лудило, да се порази оваа власт и да се врати државата на еден нормален колосек. Потоа, кога државата ќе се врати на вистинскиот пат, повторно може да се појават тие идеолошки и етнички разлики и ние таа идеја и понатаму ја поддржуваме и сме отворени целосно за соработка и со партиите од левицата, центарот, десницата и со партиите во кои што членуваат или ги претставуваат етничките Албанци во Македонија. Дали на крајот тоа ќе се реализира, јас не можам да тврдам бидејќи не зависи се од нас, тоа се повеќе субјекти, треба да се види која е нивната проценка, волја и желба. Меѓутоа од наша страна мислиме дека историскиот момент и предизвиците со кои што се соочува Македонија налагаат една таква работа. Мислам дека работите се движат во добра насока и има доволно време до следните локални избори да се надеваме дека ќе се реализира идеата за доброто на сите.
Имате ли веќе некакви конкретни контакти направено околу оваа идеја и кој би бил лидер на еден ваков фронт?
Значи и покрај тоа што Социјалдемокартскиот сојуз е најголемата, најмоќната партија, сакам отворено да кажам дека ние не полагаме право на никаков ексклузивитет на лидерството. Сметаме дека тоа е најмалку битно и дека секој кој што ќе пристапи на една таква широка коалиција би можел да смета на целосна рамноправност и еднаквост со другите субјекти. Што се однесува до вториот дел од прашањето, како што гледате и целата македонска јавност е запознаена во последно време зачестија контактите и средбите помеѓу поодделни опозициони политички партии, тоа е добро. Од сите такви средби произлегуваат заклучоците дека во најголема мера за клучните проблеми на оваа земја опозиционите партии споделуваат исти оценки и проценки што е предуслов да може да се реализира идеата за обединување.
Дали најголем дел од гласовите како партија ги губите бидејќи вие сте дирекна асоцијација за периодот на транзицијата, кога многумина останаа без работа, а многу фирми пропаднаа?
Се работи за една смислена, агресивна и негативна кампања, која со години е насочена кон мене и јас сум избран за таргетот и тоа не е случајно. Претпоставувам дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните штабови проценуваат дека од моја страна доаѓа некаква опасност за нивното владеење. Јас ќе ви дадам само два аргументи, а тоа е дека воглавно работите за кои што неосновано и без било каква реална основа ме напаѓаат се однесуваат до период до 1998 година. Значи со сето тоа позади, во 2002 година Социјалдемократскиот сојуз на чело со мене освои 500 илјади гласа, рекордни.
Втората работа е во период кога бев претседател на државата, СДСМ функционираше со други лидери. Да потсетам само дека на изборите во 2008-ма година успеаја партијата да освои 220 илјади гласа, а сега на последниве парламентарни избори 370 илјади гласа. Значи конкретните резултати говорат спротивно на таквото тврдење. Мене ми е сосема јасно дека ВМРО-ДПМНЕ би биле најсреќни јас да не постојам. Меѓутоа на нивна жалост тука сум со посилен мотив и волја да ја водам оваа политичка битка и ќе мора да се соочат со тоа.