Достапни линкови

Охридско Eзеро целосно под капата на УНЕСКО


Само македонскиот дел од Охридското Езеро засега е под заштита на УНЕСКО. Сега и делот од Албанија е на прагот да биде под капата на оваа меѓународна организација.

Соседна Албанија сака да го види и нејзиниот дел од Охридското Езеро под заштита на УНЕСКО, меѓународната организација при ОН која се грижи за заштита на природното и културното наследство. По тригодишни најави ова конечно може да стане реалност.
Важно е што на последната седница на Унеско се побара да се прошири заштитата и статусот не само на охридскиот дел туку на сливот на целиот овој регион. Мислам дека со ова се доби еден позитивен инпакт и кај другите институции да помогнат да влезе што може побргу и албанската страна.
Аријан Мероли, претставник на Албанија во Билатералниот комитет за заштита на Охридско Eзеро.

Мисија на УНЕСКО за неколку дена ќе престојува од другата страна на езерото. На 4 и 5 април во Подградец ќе бидат утврдени сите критериуми според кои ќе започне процесот на впишување и на албанскиот дел. Програмата и планот за тоа веќе се донесени.

Аријан Мероли, преставник на Албанија во Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро, е оптимист дека веќе во декември ова ќе се официјализира.
Аријан Мероли претставник на Албанија во Билатералниот комитет за заштита на Охридско езеро
Аријан Мероли претставник на Албанија во Билатералниот комитет за заштита на Охридско езеро

„Важно е што на последната седница на УНЕСКО се побара да се прошири заштитата и статусот не само на охридскиот дел туку на сливот на целиот овој регион. Мислам дека со ова се доби еден позитивен импакт и кај другите институции да помогнат да влезе што може побргу и албанската страна, бидјеќи со ова може да се гарантира максимална заштита на оваа вредност на светот“, рече Аријан Мероли.
Во секој случај ова ќе биде добар момент затоа што ќе ја добиеме конечно она за што со години се бориме а тоа е интегралната заштита. Меѓутоа никогаш нема да бидеме ослободени од инциденти кој што нормално ќе се случуваат.
Дејан Пановски, претставник на Македонија во Билатералниот комитет за заштита на Охридско Eзеро.

Дејан Пановски од Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро вели оти ова ќе значи многу за комплетна заштита на едно од најстарите езера во светот.

„Во секој случај ова ќе биде добар момент затоа што ќе ја добиеме конечно она за што со години се бориме а тоа е интегралната заштита. Меѓутоа никогаш нема да бидеме ослободени од инциденти кој што нормално ќе се случуваат“, рече Пановски.

Екологистот од Охрид, Лазо Наумовски вели дека економските потенцијали на Охридското Езеро се огромни. Но, препорачува Македонија и Албанија конечно да го формираат долгонајавуваното мешовито билатерално пртепријатие за заштита на езерото. УНЕСКО не е играчка. Затоа заштитата треба да биде од највисок степен, вели Наумовски

„Да се искористат фондовите за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија и средствата од европските неповратни фондови.Треба да се формира едно заедничко претпријатие помеѓу Албанија и Македонија за контрола,заштита и порабување и да се превземат мерки и иницијативи да го повратиме рибниот фонд“, изјави Наумовски.

Инаку иницијативата за вклучување на албанската страна од Охридското Езеро под УНЕСКО потекнува од 2009 година. Тогашниот албански министер за екологија Луфтер Џувели изјави дека најголема работа околу заштитата на езерото од албанска страна била направена со изградба на колекторски систем кај Поградец и Тушемиште. Инаку, македонскиот дел од Охридското Езеро е под заштита на УНЕСКО уште од 1979 година.
XS
SM
MD
LG