Ниту оваа трета по ред акција нема целосно да го исчисти Охридското Езеро од мини и други неексплодирани убојни средства бидејќи нив на поголеми длабочини ги има се уште. Охридско можеби е едно од најзагадените езера со мини во Европа, тврди Есад Хуво, супервизор на целата акција и претставник на меѓународниот фонд за деминирање. Но, вели оти опасност по луѓето повеќе нема.
„Како што засега стојат работите и ако се гледа според досегашните количини, можеби Охрид е една од најзагадените зони. Ние на вадење мини имаме работено во Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Југоисточна Европа и можам да ви кажам дека е доста загадено со мини. Охридското Езеро, според количините, е предводник. Мислам дека оваа акција за вадење на мини е доста добра затоа што Охрид е туристички град и сигурно оти еден мал инцидент би преставувал голем проблем за Охрид. Сметам дека крајбрежниот дел од езерото доста добро го решивме, а со оваа трета акција гарантираме дека овој дел каде има капачи ќе биде безбеден“, изјави Хуво.
Сашо Матлиески, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување
и Милутин Секуловски, нуркач од Нуркачкиот клуб Амфора од Охрид, велат оти нивна цел е езерото целосно да биде исчистено од мини.
РСЕ: Ова значи дека се уште ќе има мини во езерото?
„Да, да се уште ги има. Тие не преставуваат директна опасност по луѓето, се наоѓаат на 30 сантиметри и подлабоко. Опасноста е ако направата со помош на бранот дојде на површина, некој дојде до тоа убојно средство и истото го злоупотреби“, рече Матлиески.
„Сепак не се пријатни за гледање, бидејќи станува збор за минско експлозивни средства и може да дојде до некои несакани последици. Затоа нашата цел е целосно да го исчистиме Охридското Езеро од тие направи“, рече Секуловски.
Се претпоставува дека војските при напуштањето на воениот фронт за време на Првата и Втората светска војна и двете Балкански војни оружјето го фрлале во езерото за да не го враќаат со себе назад. Се што ќе биде извадено ќе биде уништено на воениот полигон Криволак. Акцијата е финансиски поддржана од американската Влада и Меѓународната фондација за заштита од мини „ИТФ“ од Словенија. Изведувач е дирекцијата за заштита и спасување.
Мислам дека оваа акција за вадење на мини е доста добра затоа што Охрид е туристички град и сигурно оти еден мал инцидент би преставувал голем проблем за Охрид.Есад Хуво, меѓународен фонд за деминирање.
„Како што засега стојат работите и ако се гледа според досегашните количини, можеби Охрид е една од најзагадените зони. Ние на вадење мини имаме работено во Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Југоисточна Европа и можам да ви кажам дека е доста загадено со мини. Охридското Езеро, според количините, е предводник. Мислам дека оваа акција за вадење на мини е доста добра затоа што Охрид е туристички град и сигурно оти еден мал инцидент би преставувал голем проблем за Охрид. Сметам дека крајбрежниот дел од езерото доста добро го решивме, а со оваа трета акција гарантираме дека овој дел каде има капачи ќе биде безбеден“, изјави Хуво.
Сашо Матлиески, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување
Не се пријатни за гледање, бидејќи станува збор за минско експлозивни средства и може да дојде до некои несакани последици. Затоа нашата цел е целосно да го исчистиме Охридското Езеро од тие направи.Милутин Секуловски, Нуркачки клуб Амфора од Охрид.