Полицијата синоќа открила поголемо количество оружје при претрес на објекти во тетовско Ново Село. Приведени се четворица луѓе – татко и неговите тројца синови. Портпаролот на МВР Иво Котевски информира дека против таткото, кој признал дека е сопственик на оружјето, ќе биде поднесена кривична пријава, а синовите ќе бидат пуштени.
Тој вели дека уапсените во акцијата не пружале отпор и немало пукање.
„Постојат одредени индиции дека пронаоѓањето на ова оружје и лицето што е приведено во полиција е поврзано и било во контакти со едно од лицата што ги загубија животите во нападот на полициската контрола во близина на скопското село Радуша.“
Котевски вели дека истрагата треба да ја покаже поврзаноста и мотивите за набавка и чување на оружјето.
Експертите за безбедност, со кои разговаравме, велат дека Македонија се соочува со сериозен предизвик. Професор Трајан Гоцевски вели дека не само Македонија, туку и регионот се соочува со сериозен предизвик. Тој смета дека радикалните структури во регионот сенервозни поради приближувањето на Балканот кон НАТО и ЕУ. Гоцевски цени дека безбедносните сили си ја вршат работата, но оти за оваа состојба треба да се разговара на повисико ниво и во координација со НАТО, ОБСЕ и ЕУ.
„Не станува збор за безбедносни појави со кои треба безбедносните сили сами да се справуваат, тие сигурно ги остваруваат своите уставни обврски, но проблемот може да има и поинакви димензии и потребна е политичка, дипломатска динамика којашто на некој начин ќе ги пресретне ваквите појави и нема да дозволи понатаму да се прошируваат.“
Професор Назми Малиќи вели дека оружјето никако не може да испрати добра порака. Тој препорачува политичките субјекти да инсистираат на транспарентност.
„Никако не би требало ова да личи на кампања, на тоа што би значело демомонстрација на сила, тука владата треба да внимава и да ја менаџира оваа криза на најпрофесионален начин и да се почитуваат сите законски прописи за таквите постапки да не доведат до сомневање кај граѓаните дека нашто се случува надвор од нивниот интерес.“
Синоќешниот инцидент е трет во изминативе две недели. Пред три дена во близина на скопското село Радуша полицијата во престрелка уби четврица членови на криминална група, која со комбе превезувала големо количество оружје.
На крајот на минатиот месец, во скопското село Блаце на македонско-косовската граница полицијата пронајде три бункери со поголема количина оружје, а имало и престрелка со луѓето што ги обезбедувале бункерите.
Тој вели дека уапсените во акцијата не пружале отпор и немало пукање.
„Постојат одредени индиции дека пронаоѓањето на ова оружје и лицето што е приведено во полиција е поврзано и било во контакти со едно од лицата што ги загубија животите во нападот на полициската контрола во близина на скопското село Радуша.“
Котевски вели дека истрагата треба да ја покаже поврзаноста и мотивите за набавка и чување на оружјето.
Експертите за безбедност, со кои разговаравме, велат дека Македонија се соочува со сериозен предизвик. Професор Трајан Гоцевски вели дека не само Македонија, туку и регионот се соочува со сериозен предизвик. Тој смета дека радикалните структури во регионот се
Не станува збор за безбедносни појави со кои треба безбедносните сили сами да се справуваат, тие сигурно ги остваруваат своите уставни обврски, но проблемот може да има и поинакви димензии и потребна е политичка, дипломатска динамика којашто на некој начин ќе ги пресретне ваквите појави и нема да дозволи понатаму да се прошируваат.