Достапни линкови

Четворицата убиени во престрелки со полицијата


 Изрешетаното комбе од инцидентот кај Радуша
Изрешетаното комбе од инцидентот кај Радуша

Еден од убиените и е добро познат на полицијата. Во минатото, нападнал овластено службено лице. Во отсуство бил осуден на 9 години затвор, и по него имало распишана меѓународна потерница, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.


Во оружената престрелка меѓу полициска патрола и криминална група која се случи во текот на изминатата ноќ во близина на селата Радуша и Рашче на македонско-косовската граница, убиени се сите четворица членови на групата, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. По претходно добиените информации, Министерството поставило заседа за контрола и во обид да го запре комбето, возачот одбил да ја послуша наредбата и започнал да пука на полицијата, по што полицијата возвратила. Во возилото имало поголемо количество на оружје од најразличен тип. Утврден е идентитетот на убиените лица врз основа на документите, вели Јанкулоска.

„Се работи за двајца државјани на Република Македонија и еден косовски државјанин, а за последното лице ќе се направи дополнителна проверка на идентитетот. Се работи за лица, посебно за едно од нив кое и е добро познато на полицијата. Се работи за лице кое во минатото имало напад врз овластено службено лице, во отсуство е осудено на 9 години затвор, и по него е распишана меѓународна потерница.“

Јанкуловска вели дека безбедносната состојба во земјата не е нарушена и нема потреба за паника меѓу граѓаните.
Полицијата го покажа запленетото оружје кај Радуша, во касарната Ѓорче Петров во Скопје

„Нема причина за загриженост кај граѓаните на Македонија, бидејќи полицијата има целосна контрола и располага со сите информации што се релевантни за безбедноста на Република Македонија и сигурноста на граѓаните.“

Тие имаат поддрдшка и од политичките партии, кои ги осудиле ваквите настани.

„Добро е што во изминатиов период, посебно по првата полициска акција каде што беа откриени бункерите со оружје, политичките партии, односно сите релевантни општествени чинители и од Република Македонија и претставниците на меѓународната заедница, но и од соседството, го осудија ваквото однесување и се оградија од овие поединци и групи кои имаат екстремни намери.“

Пред две недели македонската полиција на граничниот реон кон Косово на 3 километри од скопско Блаце пронајде четири складишта со фрлачи, ракети, бомби, експлозив, и друга воена опрема. Истиот ден, косовската полиција уапси седум луѓе за нелегална трговија со оружје. Имаше информации дека станува збор за истата група која ги обезбедувала складиштата со оружје во околината на Блаце.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG