Американскиот Сенатор Дик Лугар објави нацрт – закон за потикнување на натамошно проширување на НАТО и за продлабочување на стратегиските партнерства на САД. Тој со овој закон го повикува претседателот Обама да обезбеди јасен план за членство на Босна и Херцеговина, Грузија, Македонија и Црна Гора на самитот на Алијансата во мај во Чикаго.
„Јас се надевам дека Сенатот ќе го усвои овој закон пред самитот на НАТО во Чикаго“, изјави Лугар кој е еден од највидните републиканци во Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД.
„Проширувањето на НАТО е клучен елемент за подобрување на стабилноста и политичките реформи меѓу новите демократии на Централна и Источна Европа и на Балканот", наведува Лугар.
Според него, изгледите за членство во НАТО не само што ја подобруваат регионалната безбедност, туку помагаат во трансформацијата на земјите во блиски економски и безбедностни партнери на САД.
Со овој закон, ако биде усвоен, за првпат во легислативата на САД, Македонија, БиХ, Црна Гора и Грузија, се сметаат како земји апиранти.
Во законот на Сенаторот Лугар се бара од Конгресот да дава извештаи за американските напори како и за подготвеноста на овие земји да станат членки. Доколку законот биде одобрен, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе бидат во можност да добиваат американска помош за пристап кон НАТО, а на Грузија и на Македонија оваа поддршка ќе им биде уште еднаш потврдена.
Проширувањето на НАТО е клучен елемент за подобрување на стабилноста и политичките реформи меѓу новите демократии на Централна и Источна Европа и на БалканотДик Лугар, американски сенатор.