Македонија нема цел да се промени принципот на одлучување во НАТО со консензус, туку сака да ги убеди членките на Алијансата да ја примат Македонија, затоа што тоа е повисок интерес на Алијансата, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски на средба со новинарите. Тој, сепак, вели дека Македонија нема големи очекувања и оти ситуацијата во Грција не е охрабрувачка, но оти ако ништо не се прави, проблемот нема да се реши сам од себе. Според него, приемот во НАТО не се врзува со Самитот во Чикаго.
„Консензусот како метод треба да се води од некои клучни придобивки. Во овој момент, консензусот не може да се постигне само поради една земја членка и само поради нејзиниот деструктивен пристап, односно игнорирање на заедничката придобивка. Ако гледаме историски, мислам дека секогаш консензус се постигнувал во НАТО за повисокиот интерес на Алијансата, а не за постигнување на интересот на еден на сметка на интересот на Алијансата и на другите земји-членки во неа“, вели Попоски.
Тој вели дека Македонија ги дава сите можни аргументи да создаде клима која ќе овозможи тој консензус да биде постигнат. Според него, Грција нема интерес Македонија да остане надвор од НАТО и од ЕУ, но ја блокира по инерција. Со прекинување на блокадата, Грција ќе „може да излезе од имиџот на прилично деструктивна политика во однос на регионалните интеграции и подобрување на стабилноста и сигурноста на регионот кој го има создадено во изминатиов период“, вели Попоски.
Тој вели дека Грција ја суспендирала времената спогодба според која не смее да го блокира членството на Македонија во меѓународни организации. На прашањето, дали ако Грција продолжи со блокадите и не ја почитува Хашката пресуда, Македонија планира да се обрати до Советот на безбедност на ОН, којшто може да се произнесе ако не се почитува одлука на негов орган или, пак, да покрене втора тужба против Грција, Попоски вели дека Македонија сака да ги исцрпи сите можности кои и се на располагање пред да размислува за наредните чекори.
Тој вели дека Македонија се уште чека официјален став од Атина за нивната перцепција за Хашката пресуда.
Во овој момент, консензусот не може да се постигне само поради една земја членка и само поради нејзиниот деструктивен пристап, односно игнорирање на заедничката придобивка.Никола Попоски, министер за надворешни работи.