На сите во ЕУ им е јасно дека евроинтегративниот процес на земјава е блокиран поради нерешениот спор за името, а на сите нам дека таа има сериозни забелешки во петте области кои се нотирани во сите извештаи за напредокот на земјава.
Отпочнувањето на дијалогот на високо ниво најавено со доаѓањето на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за десетина дена е посреден пат да се активира работењето на реформите, велат експертите. За власта, пак добро оправдување пред граѓаните дека во процесот нема застој и продолжува да се преговара.
„И ќе продолжи со исто темпо на процесот на разрешување на прашањето на името, но финалниот резултат секако ќе биде негативен за Република Македонија, затоа што ние нема да добиеме покана за членство во НАТО, нема да ни се отвори процесот на евринтеграциите“, вели политичкиот аналитичар Насер Зибери.
Целосна заштита на слободата на изразување, зајакнување на владеењето на правото, напредок во
реформите во јавната администрација, комплетирање на измените во изборнотот законодавство, развој на пазарната економија се елементите со чие подобрување ЕУ го оправдува отпочнувањето на дијалогот на високо ниво од средината на месецов.
Станува збор за неофицијални преговори кои никако не се замена за преговорите за членство, е пораката од Брисел, туку е своевиден мост кој може да биде употребен за старт на преговорите. За сето тоа да се официјализира, услов е решавањето на спорот за името. Прогнозите во последните изјави на премиерот не ветуваат скорешен напредок на ова поле. Од друга страна, дел од аналитичарите прогнозираат дека доколку се постигне напредок во дијалогот кој ќе се отвори за десетина дена, тоа ќе биде поттик на која и да е власт да го затвори спорот за името за да може тој напредок и да го официјализира.
„Ова сепак се неформални преговори, а најважно е тие да бидат формализирани бидејќи сега не може откако да кажеме ќе се направи напредок за 5-6 месеци, секоја влада би сакала тоа да биде официјализирано, вака не може да се официјлизира и затоа ќе биде битно на некој начин се продолжат тие преговори“, вели политикологот Владимир Божиновски.
Крајно време е да се затвори овој долготраен проблем, изјави еврокомерсарот околу спорот за името во пресрет на неговата посета на Скопје со петте задачи за Македонија во папката која ќе им ја испорача на македонските власти.
И ќе продолжи со исто темпо на процесот на разрешување на прашањето на името, но финалниот резултат секако ќе биде негативен за Република Македонија, затоа што ние нема да добиеме покана за членство во НАТО, нема да ни се отвори процесот на евринтеграциите.Насер Зибери, политички аналитичар.
Отпочнувањето на дијалогот на високо ниво најавено со доаѓањето на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за десетина дена е посреден пат да се активира работењето на реформите, велат експертите. За власта, пак добро оправдување пред граѓаните дека во процесот нема застој и продолжува да се преговара.
„И ќе продолжи со исто темпо на процесот на разрешување на прашањето на името, но финалниот резултат секако ќе биде негативен за Република Македонија, затоа што ние нема да добиеме покана за членство во НАТО, нема да ни се отвори процесот на евринтеграциите“, вели политичкиот аналитичар Насер Зибери.
Целосна заштита на слободата на изразување, зајакнување на владеењето на правото, напредок во
Ова сепак се неформални преговори, а најважно е тие да бидат формализирани бидејќи сега не може откако да кажеме ќе се направи напредок за 5-6 месеци, секоја влада би сакала тоа да биде официјализирано.Владимир Божиновски, политиколог.