Достапни линкови

Неделен печат - НАТО, ЕУ и пари за здравство


Премиерот Никола Груевски пред десет дена се сретна со неговиот грчки колега Лукас Пападимос на маргините на Самитот на Европската унија во Брисел.
Премиерот Никола Груевски пред десет дена се сретна со неговиот грчки колега Лукас Пападимос на маргините на Самитот на Европската унија во Брисел.

Фокус пишува за евроинтеграциите, а Капитал ги анализира трошењата во здравството.

Глобус - Зошто власта шири песимизам кога се во прашање преговорите за името?
Кога веќе министерот се мачи да ги пронајде причините и виновниците за неликвидноста на државното здравство, треба најпрво да воведе ред во трошењето на здравствената каса, која веќе тропа, а тој префрла од шупливо во празно! Здравство без пари не бидува, а во македонското и тие пари што ги има се трошат неефикасно и неодговорно, а за тоа мора да се бара одговорност.
Капитал.

„Зошто власта шири песимизам кога се во прашање преговорите за името?“, го интерсира најновиот Глобус, па пренесувајќи анализата од нашето радио, забележува дека песимизмот на премиерот кој ниту за пет години не гледа решение на спорот за името, како и за евроатлантските интеграции на земјава, е непотребен и несериозен. Арсовски смета дека Груевски треба прво самиот да реши дали сака во ЕУ и во НАТО, и да се бори за тоа, а ако не, тогаш да се откаже. Ваквите најави дека нема да влеземе, а сепак се бориме, всушност, се прикаски за мали деца. Демири, пак, вели дека изјавата е дел од тактиката на Груевски да ја испровоцира Грција да излезе со некаков предлог, па тој на голема врата да влезе во преговори. Но, тоа е невозможно, зашто Грција нема намера за такво нешто.

Фокус - Владина агенда ’2017-2020’

„Владина агенда ’2017-2020’’ гласи наднасловот на анализата на Фокус кој исто така се занимава со темата интеграции и политичката искреност на политиката на власта на чело со Груевски. Неделникот насловува дека двоецот Груевски-Арифи ја проектирал иднината на Македонија-НАТО во 2017, а ЕУ во 2020 година, и прашува дали прогнозите на премиерот за решавање на спорот со Грција најрано за пет години се реални, оптимални, или, пак, означуваат капитулација на владата на меѓународен план? Единствената непозната е, дали тоа ќе се случи порано или подоцна и, нормално, колкава цена ќе платиме, затоа што колку помала е интеграцијата, толку поголема е изолацијата! - заклучува Фокус.

Капитал - Здравствениот денар од шупливо во празно!

Уводникот во најновиот Капитал е посветен на една домашна тема: здравстевната политика и е насловен „Здравствениот денар од шупливо во празно!“. Па пишува дека пари во здравството нема, а сепак се крати. А можеби и има, ама тоа тешко може да се утврди. Едно е јасно - пишува неделникот, се стега ременот околу јавното здравство без да се направи анализа на состојбите, а здравствената власт во потрага по виновниците заборави на пациентите. Министерот Тодоров тврди дека се виновни директорите на клиниките, па им подели откази на неколкумина директори, Владата даде стотици илјади евра за менаџерски обуки на лекарите, но повторно ништо не се смени. Кога веќе министерот се мачи да ги пронајде причините и виновниците за неликвидноста на државното здравство, треба најпрво да воведе ред во трошењето на здравствената каса, која веќе тропа, а тој префрла од шупливо во празно! Здравство без пари не бидува, а во македонското и тие пари што ги има се трошат неефикасно и неодговорно, а за тоа мора да се бара одговорност, категорично порачува Капитал во својот уводник.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG