Македонскиот ракометен првак Металург го доби посакуваниот противник во осминафиналето од Лигата на шампионите. По пласманот во Топ 16, што претставува најголем успех во историјата на нашиот клупски ракомет, пречка на металурзите на патот кон осумте најдобри на Стариот континент ќе им биде хрватскиот Загреб.
Тој е двоен европски шампион, кој редовно игра во нокаут фазата од најквалитетното клупско натпреварување, но, општо е мислењето дека шансите за успех против него се поголеми отколку против унгарскиот Веспрем и особено данскиот Копенхаген, кои исто така беа можни ривали на вчерашната ждрепка. Затоа и не се крие оптимизмот пред двомечот закажан за втората половина на март, а плејмејкерот Наумче Мојсоски изјавува:
„Мислам дека е најдобар противник овој, најпосакуван. Секако нема да им го земеме приматот дека се фаворити. Знаеме кој е Загреб, што освоил, колку е во Лига шампиони, нон стоп е во Топ 16. Значи, секако дека има улога на фаворит, ама може да се игра со нив. Знаеме кои се, што се, како играат и мислам дека ни одговара најмногу Загреб. Така што, значи може да се игра и секако пласман во нареден круг.“
Тоа што првиот меч на 17-ти или на 18-ти март ќе се игра во Скопје, според Мојсоски, не е хендикеп за нашиот првак. Напротив, тоа може да
е и добро, за со предност да се започне реваншот една недела подоцна, а покрај фактот што стратегот Лино Червар одлично ги познава квалитетите на Загреб, каде што беше тренер 7 години, адут за вкупен триумф ни е и цврстата одбрана, со која беа постигнати досегашните успеси.
„Нашата предност е во одбраната, што мора да се сведе на помалку голови. Добро прво полувреме одиграно со Хамбург, добри натпревари во Полска и со Копер. Тоа ни дава за право да се надеваме дека пак ќе одиграме одлично во одбрана, паметно во напад, без некои технички грешки што ги имавме во второто полувреме со Хамбург. А, тие сакаат брзи контри, знаеме дека имаат брзи крила. Тоа ако го смалиме на минимум, мислам дека тоа е добитниот клуч за натпреварот“, додаде најдобриот стрелец на македонскиот првак во ЛШ, кој во неделата на мечот со Хамбург ја обнови повредата на чашката на коленото.
Затоа не отпатува за Цетиње на денешниот дуел со Ловќен во регионалната СЕХА лига и најмалку до средината на март ќе биде вон терените. Тоа носи неизвесност околу неговиот настап против Загреб, но тој верува дека се ќе се среди до дуелот во СЦ „Борис Трајковски“.
„Има на коленото три напукнатини. Докторите кажаа сега за сега најмалку две недели пауза. Мислам дека ќе сум спремен за првот натпревар со Загреб. Ќе биде се како што треба“, истакна на крајот Наумче Мојсоски.
Инаку, Металург и Загреб оваа сезона се ривали и во СЕХА лигата, а првиот меч што се одигра во салата „Автокоманда“ заврши нерешено, 19-19. Во ова натпреварување „металурзите“ треба да му гостуваат на Загреб на 11 март, односно неколку дена пред првата пресметка во Лигата на шампионите. Нашиот втор претставник во ЛШ, најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, со својот Атлетико Мадрид во 1/8 финалето ќе се сретне со швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.
Мислам дека е најдобар противник овој, најпосакуван. Секако нема да им го земеме приматот дека се фаворити. Знаеме кој е Загреб, што освоил, колку е во Лига шампиони, нон стоп е во Топ 16. Значи, секако дека има улога на фаворит, али може да се игра со нив.Наумче Мојсоски, ракометар.
Тој е двоен европски шампион, кој редовно игра во нокаут фазата од најквалитетното клупско натпреварување, но, општо е мислењето дека шансите за успех против него се поголеми отколку против унгарскиот Веспрем и особено данскиот Копенхаген, кои исто така беа можни ривали на вчерашната ждрепка. Затоа и не се крие оптимизмот пред двомечот закажан за втората половина на март, а плејмејкерот Наумче Мојсоски изјавува:
„Мислам дека е најдобар противник овој, најпосакуван. Секако нема да им го земеме приматот дека се фаворити. Знаеме кој е Загреб, што освоил, колку е во Лига шампиони, нон стоп е во Топ 16. Значи, секако дека има улога на фаворит, ама може да се игра со нив. Знаеме кои се, што се, како играат и мислам дека ни одговара најмногу Загреб. Така што, значи може да се игра и секако пласман во нареден круг.“
Тоа што првиот меч на 17-ти или на 18-ти март ќе се игра во Скопје, според Мојсоски, не е хендикеп за нашиот првак. Напротив, тоа може да
Нашата предност е во одбраната, што мора да се сведе на помалку голови. Добро прво полувреме одиграно со Хамбург, добри натпревари во Полска и со Копер. Тоа ни дава за право да се надеваме дека пак ќе одиграме одлично во одбрана, паметно во напад, без некои технички грешки што ги имавме во второто полувреме со Хамбург.Наумче Мојсоски, ракометар.