Потврда за тоа се досегашните успеси на Букстехудер, кој пред осум години играше во мечот за титулата, а во 2005-та беше дел и од полуфиналето на овој куп. Имајќи предвид дека Металург годинава дебитира на меѓународната сцена, јасно е дека во овој двомеч Германките се големи фаворити. За тоа е свесен и тренерот Крсто Петрушевски, кој, сепак, не гледа причина тој и неговите избранички однапред да се помират со елиминација.
„Тежок противник, но пред никого нема да настапиме со бело знаме. Спортски е да се надеваме, ќе се подготвуваме и спортски е да се надеваме дека ќе поминеме. Можеме да играме растоварено и да се надминеме.“
Слично размислуваат и ракометарките. Тие го почитуваат големиот ривал, но и додаваат дека по победите над чешкиот Каста Сокол, словачкиот Слован и исландскиот Фрам, никој не смее да го потцени клубот кој на десетина кола пред крајот на сезоната е нов шампион на Македонија. Тој покажа дека има квалитет и за повисоки дострели на меѓународната сцена, а според една од неговите најдобри ракометарки, Мирјета Бајрамовска, ова ќе биде добра прилика и за проверка на можностите пред настапите во Лигата на шампионите.
„Се што направивме до сега е голем успех за нас и секако е дека нема да се откажеме. Добро е да видиме до каде сме, за догодина и настапот во Европските шампиони.“
Бајрамовска смета дека најголем адут за клубот, кој има амбиции да го наследи поранешниот европски првак Кометал Ѓорче Петров, е немањето притисок за нов подвиг. Со тоа се согласува и Петрушевски, кому скриените надежи за историски пласман во финалето му ги подгрева и големата мотивираност на ракометарките.
„Желбата за докажување кај овие наши ракометарки.“
Инаку, првиот дуел меѓу суперлигашот од Автокоманда, Металург и Букстехуде ќе се одигра на 10-ти април во Скопје, а ревашот е седум дена подоцна во Германија. Вториот финалист ќе се добие по двомечот меѓу германскиот Гепинген и полската Гданија.
Тежок противник, но пред никого нема да настапиме со бело знаме. Спортски е да се надеваме, ќе се подготвуваме и спортски е да се надеваме дека ќе поминеме. Можеме да играме растоварено и да се надминеме.
„Тежок противник, но пред никого нема да настапиме со бело знаме. Спортски е да се надеваме, ќе се подготвуваме и спортски е да се надеваме дека ќе поминеме. Можеме да играме растоварено и да се надминеме.“
Слично размислуваат и ракометарките. Тие го почитуваат големиот ривал, но и додаваат дека по победите над чешкиот Каста Сокол, словачкиот Слован и исландскиот Фрам, никој не смее да го потцени клубот кој на десетина кола пред крајот на сезоната е нов шампион на Македонија. Тој покажа дека има квалитет и за повисоки дострели на меѓународната сцена, а според една од неговите најдобри ракометарки, Мирјета Бајрамовска, ова ќе биде добра прилика и за проверка на можностите пред настапите во Лигата на шампионите.
„Се што направивме до сега е голем успех за нас и секако е дека нема да се откажеме. Добро е да видиме до каде сме, за догодина и настапот во Европските шампиони.“
Се што направивме до сега е голем успех за нас и секако е дека нема да се откажеме. Добро е да видиме до каде сме, за догодина и настапот во Европските шампиони.