Достапни линкови

Ракометарките преку Австрија на СП во Кина


Неполни шест месеци по историскиот успех, освоеното седмо место на Европскиот шампионат, женската ракометна репрезентација на Македонија е пред нов предизвик - баражот за пласман на Светското првенство кое во декември годинава ќе се одржи во Кина.
Ќе има доволно мотив и желба кај девојките да продолжат со континуитетот на настап на големи натпреварувања. Нема да биде лесно, јас не ја потценувам репрезентацијата на Австрија иако имаше најслаб пласман на последното ЕП
Противник во овој двомеч ќе ни биде Австрија, која в недела ќе ја пречекаме во салата Борис Трајковски, а реваншот ќе се одигра во Инсбрук на 12-ти јуни.

Според сите проценки, ривал по мерка за нов настап на врвната меѓународна сцена. Подвиг за кој, според селекторот Владимир Глигоров:

„Ќе има доволно мотив и желба кај девојките да продолжат со континуитетот на настап на големи натпреварувања. Нема да биде лесно, јас не ја потценувам репрезентацијата на Австрија иако имаше најслаб пласман на последното ЕП. Беше во групата на посакувани противници, но едно се желбите, а друго играта на теренот очекувам тоа да се потврди на терен и очекувам на крајот ние да се радуваме,“

вели Глигоров.

Неговиот рецепт за успех е колективна игра со цврста одбрана и нормално голема желба за победа, односно сето она што и ни го донесе седмото место на Стариот континент. Со таквиот однос на теренот, иако за многумина реваншот на свој паркет им носи мала предност на Австријките, Глигоров верува дека уште по првиот меч во Скопје може да направиме огромен чекор кон остварувањето на целта.
Ќе мора тука да одиграат максимално. Да оствариме што поповолен резултат, кој нема да ни даде сигурен пласман и ќе ни овозможи помирна игра во реваншот


„Ќе мора тука да одиграат максимално. Да оствариме што поповолен резултат, кој нема да ни даде сигурен пласман и ќе ни овозможи помирна игра во реваншот,“

додаде Глигоров.

Тој, заедно со своите избранички, уверува дека немањето контролни натпревари, како и неколку дневното играње фудбал, место ракометните тренинзи, додека не се реши недоразбирањето околу неисплатените премии за декемвриското Еуро, нема негативно да се одразат на играта и резултатот против Австријките. Во тоа, се убедени и симпатизерите, кои по обичај се големи оптимисти.

„Слушнав дека имаат недоразбирања, но не смее да биде проблем за да ја победиме Австрија.“
„Мислам дека ќе победиме.“
„Мора да се надеваме“

изјавија љубителите на ракометот, од кои пак се очекува в недела повторно да ја исполнат салата Борис Трајковски и да имаат значаен придонес во новиот успех на македонскиот спорт.



XS
SM
MD
LG