Во Полва и гостуваме на Естонија, која на две кола пред крајот на натпреварите во групата, е на добитното второ место со еден бод повеќе од нас. Тоа значи дека ако победиме денеска, во последното коло, в недела во Скопје, против Босна и Херцеговина, сами ќе решаваме за нашето патување во Србија. Ако биде нерешено, ќе го чекаме резултатот од гостувањето на Естонците кај веќе пласираната на Еуро, Унгарија.
Доколку, пак, загубиме, дефинитивно ќе го пропуштиме и овој собир на најдобрите на Стариот континент. Никој во националниот тим не сака да помисли на таков епилог, а бекот Наумче Мојсовски изјавува:
„Сите живееме за овој натпревар, знаеме што ни значи и мислам дека оваа генерација мора да се пласира на ова ЕП, така што не дека ја отпишувам Естонија, но мислам дека го добиваме овој натпревар и одиме на Европско првенство.“
Оптимизмот е присутен и кај другите репрезентативци, иако од
гостувањата во Естонија немаме пријатни спомени - три пати убедливо ги победивме во Скопје, но на нивен терен имаме две ремија, што е најдобар доказ дека противникот не смее да се потцени. Играчите се свесни за тоа, но се и уверени дека денеска нема да разочараат, за што адут им е искуството, а според пикерот Ванчо Димовски и тоа што:
„Овој пат е ситуацијата е сосема друга каде што меѓу нас и нив може да одлучи тој меч и сега гледано од тој аспект на тие два натпревари наназад една одлична школа дека мора да се одигра таму за да се победи, можеби ако дојдевме со две победи од таму, денеска на поинаков начин ќе гледавме на тој натпревар, но е одлична ситуација за нас, знаеме дека одиме да играме како да играме со некоја силна репрезентација. Се на се добро школо, влегуваме максимално подгтовени за да го добиеме натпреварот.“
Сето ова говори дека избраниците на селекторот Звонко Шундовски се убедени дека ќе стават крај на нашето 14 годишно отсуство од Европските првенства. И капитенот Кирил Лазаров, верува дека оваа генерација има сили за таков подвиг, а за тоа да стане и реалност, вечерва треба да:
„Треба да бидеме стрпливи, да знаеме во нашите глави дека сме доста поквалитетни како репрезентација, не треба да силуваме, тие третираат еден брз и модерен ракомет, меѓутоа имаат недостаток од квалитет и затоа тој недостаток од квалитет кај нивната репрезентација ние треба да го искористиме со една подготвеност, дисциплина и максимална концентрација“ рече Лазаров.
Сите живееме за овој натпревар, знаеме што ни значи и мислам дека оваа генерација мора да се пласира на ова ЕП, така што не дека ја отпишувам Естонија, но мислам дека го добиваме овој натпревар и одиме на Европско првенство.
Доколку, пак, загубиме, дефинитивно ќе го пропуштиме и овој собир на најдобрите на Стариот континент. Никој во националниот тим не сака да помисли на таков епилог, а бекот Наумче Мојсовски изјавува:
„Сите живееме за овој натпревар, знаеме што ни значи и мислам дека оваа генерација мора да се пласира на ова ЕП, така што не дека ја отпишувам Естонија, но мислам дека го добиваме овој натпревар и одиме на Европско првенство.“
Оптимизмот е присутен и кај другите репрезентативци, иако од
гостувањата во Естонија немаме пријатни спомени - три пати убедливо ги победивме во Скопје, но на нивен терен имаме две ремија, што е најдобар доказ дека противникот не смее да се потцени. Играчите се свесни за тоа, но се и уверени дека денеска нема да разочараат, за што адут им е искуството, а според пикерот Ванчо Димовски и тоа што:
Овој пат е ситуацијата е сосема друга каде што меѓу нас и нив може да одлучи тој меч и сега гледано од тој аспект на тие два натпревари наназад една одлична школа дека мора да се одигра таму за да се победи.