Тоа што веќе изгледаше како готова работа, особено откако Германија, која во декември се противеше на кандидатурата на Србија, даде зелено светло поради договорот меѓу Белград и Приштина, во Брисел се претвори во шестчасовно убедување на Романија.
Таа изрази загриженост околу правата на околу 30 илјади етнички романци во Србија. И некои од 40 илјади членови на влашката заедница во Србија за себе сметаат дека се Романци. Другите велат дека се Срби.
Романскиот претседател Трајан Басеску неодамна побара од Србија да им го гарантира правото на образование и на медиуми на романски јазик и богослужби во романски православни цркви.
Како компромис евроминистрите им оставија на нивните лидери да ја донесат официјалната одлука.
„Веруваме дека сме многу блиску до добри вести. Повеќето членки се за доделување кандидатски статус на Србија. Ако оваа одлука не беше донесена сега, очекуваме тоа да биде направено на претстојниот Европски совет. Србија го заслужува кандидатскиот статус“,изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо по министерскиот состанок во Брисел на кој беше потврдено дека Србија ги исполнила сите услови за да стане кандидат за влез во Унијата.
„Задоволен сум што бевме во можност да препорачаме кандидатски статус за Србија. Потврдивме дека Србија ги исполни критериумите на Европскиот совет поставени во декември“, рече како претседавач на министерскиот совет шефот на данската дипломатија Николај Вамен. Сепак, новиот услов од Романија како да го изненади и српскиот претседател Борис Тадиќ кој беше во Брисел.
„Зборуваме за некои проблеми кои постојат меѓу Србија и некои земји членки на Европската унија. Србија ги прифати сите критериуми од Копенхаген. Но, Србија нема да прифаќа нешто што не во согласност со тие критериуми“, изјави Тадиќ.
Добивањето кандидатски статус главно е симболичен чекор кон почеток на преговорите за пристапување кои траат неколку години со цел апликантите да ги хармонизираат нивите закони со оние на Унијата. Но, за Србија, според дипломатите, ваквиот статус ќе значи голем чекор за надминување на товарот од војните на Балканот.
Прва земја од поранешна Југославија која доби таков статус и ги почна преговорите со ЕУ во 1998 година беше Словенија. Шест години потоа таа стана членка на Унијата.
Во октомври 2005 година преговорите ги почна и Хрватска, а еден месец потоа Македонија доби кандидатски статус, но преговорите не стартуваа поради блокадата на Грција.
Во декември 2010 Црна Гора доби препорака за кадидат. Една година потоа Хрватска го потпиша договорот за пристапување и догодина ќе стане членка на Европската унија. Тогаш Црна Гора доби ветување дека ќе ги почне преговорите со Брисел во јуни оваа година ако добие позитивни оценки во борбата против организираниот криминал. Босна и Херцеговина и Косово се единствените од пораншена Југославија кои досега официјално не аплицираа за влез во ЕУ.
Зборуваме за некои проблеми кои постојат меѓу Србија и некои земји членки на Европската унија. Србија ги прифати сите критериуми од Копенхаген. Но, Србија нема да прифаќа нешто што не во согласност со тие критериуми.Борис Тадиќ, претседател на Србија.