Речиси 100 отсто од оние над 75 проценти Срби кои излегоа на дво-дневниот референдум на северот на Косово се изјаснија против признавањето на власта на Приштина, соопштија претставници на изборната комисија. Прашањето беше: „Дали ги признавате институциите на власта на таканаречената Република Косово?“
Што очекуваат Србите на Косово, одговара Јован Милошевиќ:
„Очекувам да му покажеме на светот дека на северот не се круминалци туку дека е ова народ кој на барикадите сакаше да покаже дека е против институциите на таканаречената Република Косово.“
Од друга страна, пратениците на косовското Собрание синоќа изгласаа резолуција со која референдумот во четирите општини во северно Косово се прогласува за незаконски и неважечки. Во резолуцијата, Собранието на Косово ја поттикнува српската заедница во северниот дел на земјата да се ангажира за остварување на сеопфатниот предлог за решавање на статусот на Косово. Во документот се потенцира и подготвеноста за заштита и почитување на сите меѓународни конвенции кои ги гарантираат слободите и правата на граѓаните како и правата на малцинствата.
Наим Рашити од Меѓународната кризна група, која го следеше референдумот, вели дека со него Србите всушност сакаат да ја засилат својата позиција за преговори за северот на Косово.
„Што се однесува до Косово, не верувам дека ќе има правно дејство. На Балканот се одржани многу референдуми во овие 20–30 години и се уште се таму каде што беа. Така што, ова е еден вид анкета за политичката агенда на локалните лидери на северот.“
Според Рашити, сега е битно дали престојните локални избори во Србија ќе бидат организрани и на северот на Косово. Тоа, вели тој, би преставувало, важен сепаратистички пристап. Имено, овој референдум беше организиран и покрај критиките на Западот и Белград, кои подвлекоа дека тој ќе им наштети на националните интереси на Србија и најмногу на нејзините амбиции да почне процедура за приклучување кон ЕУ.
На Балканот се одржани многу референдуми во овие 20–30 години и се уште се таму каде што беа. Така што, ова е еден вид анкета за политичката агенда на локалните лидери на северот.Наим Рашити, Меѓународна кризна група.