Достапни линкови

Имаме право да го ослободиме Косово


Во две куќи во Звечани во близина на Косовска Митровица од пред извесно време живеат триесетина српски момчиња кои се легитимираат како членови на српското народно движење 1389. Таму биле, како што велат, со дозвола на локалните власти. Дописникот на Радио Слободна Европа, Милош Теодоровиќ е единствениот досега што успеа да влезе и да разговара со еден од членовите на оваа десничарско движење.

Во две куќи во Звечани во близина на Косовска Митровица од пред извесно време живеат триесетина српски момчиња кои се легитимираат како членови на српското народно движење 1389. Таму биле, како што велат, со дозвола на локалните власти.

„Моментално тука се присутни триесетина луѓе. Тоа се момчиња кои се под број еден Срби патриоти. Критериумите за влегување се строги. Мора да биде тука со срце и душа“, вели Дарко Пановиќ, единствениот кој е одреден за односи со јавноста.
Ова го сметаме за окупирана територија и ги имаме сите можни права да ја ослободиме на сите можни начини. Не со насилство, туку со отворена војна против непријателот.
Дарко Пановиќ, член на националистичкото движење 1389.

Тој додава дека секојдневно биле присутни на барикадите, но и дека тоа не е единствената помош која се подготвени да им ја дадат на сонародниците на Косово.

„Ова го сметаме за окупирана територија и ги имаме сите можни права да ја ослободиме на сите можни начини. Не со насилство, туку со отворена војна против непријателот.“


Според Пановиќ, со сегашните услови во Србија не е можно да очекуваат каква било помош од врвот на државата. Иако движењето „1389“ од надлежните е означена како една од потенцијално најопасните десничарски групи, никој во Србија не реагира на нивното организирано дејствување на северот на Косово.

„По се изгледа ќе останеме тука да го поддржиме својот народ. Ќе видиме што ќе повлече отстранувањето на барикадите. Борбата нема да престане.“

Пановиќ додава дека од локалното српско население биле пречекани со воодушевување. Тој потенцира дека членовите на движењето не биле вооружени, како и тоа дека не биле во врска со криминални кругови.

„Косово и Метохија ја чувствувам како српска земја. Како неотуѓив дел на Србија. За ова најмногу се виновни странските агресорски сили. Ќе се трудиме да ја ослободиме со сите средства.“

Пановиќ наведува дека не ги загрижува тоа што Уставниот суд расправа за забрана на движењето 1389, бидејќи, според српското обвинитилство, предизвикува национална, расна и верска омраза и нетрпеливост спрема малцинствата.

„Движењето нема да престане да дејствува и во случај на забрана. Постојат разни видови на борба“, додава тој.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG