Достапни линкови

„Купи куќа, купи стан“ - привилегија за битолските административци?


Министерот за финансии Зоран Ставрески го промовира проектот „Купи куќа, купи стан“.
Министерот за финансии Зоран Ставрески го промовира проектот „Купи куќа, купи стан“.

Битолчани се жалат дека во приватниот сектор платите се движат од 6 до 9 илјади денари, па не можат да ги исполнат критериумите за субвенциониран станбен кредит.

Битолчани коментираат дека проектот „Купи куќа, купи стан“ најверојатно ќе биде привилегија за граѓаните кои се во државна служба, зашто со ниските плати во приватниот сектор во градот не можат да се исполнат условите на банките за подигање на субвенциониран станбен кредит. Според банкарските пресметки, кредитите важат за лица чии минимални месечни примања не се пониски од 20.000 денари, а не е мал бројот на граѓаните кои имаат плати од 6 до 8.000 денари и со нив одгледуваат семејства.

Во Битола е невозможно ова да се направи зашто во градот платите се движат од 100 до 150 евра, а за тој кредит најмалку треба 20.000 денари да земаме месечно.
Анкетиран граѓанин.
„Во Битола е невозможно ова да се направи зашто во градот платите се движат од 100 до 150 евра, а за тој кредит најмалку треба 20.000 денари да земаме месечно.“

„Со мажот ја рагледувавме опцијата „Купи куќа, купи стан“ и заклучивме дека ни одговара кредитот од 50.000 евра. Но, кога дојдовме дома пресметавме дека заедно со камати, рати излегуваат 90.000 евра, а не 50 000. Значи скоро двојно ни доаѓа да платиме за 20 години“, велат битолчани.

Вицепремиерот Зоран Ставрески, запрашан како битолчани кои имаат ниски примања да стигнат до субвенциониран стан, одговори:
Доколку брачните другари двајцата имаат по 200, 250 или 300 евра. Тогаш можат да се пријават и да соберат доволно средства во тој услов. Не е неменет за државната администрација, туку за сите граѓани.
Зоран Ставрески,, министер за финансии.

„Во делот на политиките на банките не е предвидено од каде ќе примате плата, туку да имате примања до 900 евра месечно. Тоа значи и пониски примања, доколку брачните другари двајцата имаат по 200, 250 или 300 евра. Тогаш можат да се пријават и да соберат доволно средства во тој услов. Не е неменет за државната администрација, туку за сите граѓани во земјава.“

Дел од субвенционираните станбени кредити ќе се однесуваат на станови кои допрва ќе се изградат во битолската касарна.

„Имаме 180 парцели за индивидуално домување. Досега се продадени девет парцели за високоградба, односно згради кои опфаќаат 300 стана. Во идниот период на продажба ќе објавиме уште осум парцели, па веќе во стартот имаме локации кои предвидуваат 500 станови“, вели битолскиот градоначалник Владимир Талески.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG