Достапни линкови

Конструктивноста не е доволна


Премиерот Никола Груевски се сретна со генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен во Брисел на 25 јануари 2012.
Премиерот Никола Груевски се сретна со генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен во Брисел на 25 јануари 2012.

Власта малку го менува пристапот кон Грција, но самото демонстрирање конструктивност не е доволно за да донесе резултат во спорот за името.

Властите продолжуваат со дипломатската офанзива, главно фокусирана на аргументите добиени од хашката пресуда, а пораките од меѓународните преставници остануваат исти - без решавање на спорот за името не може да се очекува напредок во ЕУ интегрирањето, ниту членство во НАТО. Сепак, омекнување на ставот и потреба да се покаже поголема конструктивност може да се забележи, анализираат експертите и тоа, според нив, е и задача на власта.
Обврска на државата е да одржува контакти, а ние имаме и обврска да ги продолжиме преговорите, немаме друго чаре што се вели, немаме друга алтернатива.
Беким Кадриу, универзитетски професор.

„Се гледа дека власта, мислам дека го менува малку пристапот од тоа да биде премногу ладна кон Грција, мислам дека се покажува една конструктивност. Обврска на државата е да одржува контакти, а ние имаме и обврска да ги продолжиме преговорите, немаме друго чаре што се вели, немаме друга алтернатива“, изјави професор Беким Кадриу.

Политикологот Владимир Божиновски анализира дека македонските власти сега имаат
Состанок на мешовитиот комитет ЕУ-Македонија. Јорго Шацимаркакисм Ричард Ховит и Никола Попоски.
Состанок на мешовитиот комитет ЕУ-Македонија. Јорго Шацимаркакисм Ричард Ховит и Никола Попоски.
намера да ја сменат тезата на Грција дека таа е конструктивната страна наспроти македонската во меѓународната заедница и на тој начин да се смени и расположението кое би водело до зголемен притисок врз Грција да ги омекне ригидните ставови во спорот за името.

„Затоа што кога ќе им биде на самите евро-дипломати јасно која е всушност неконструктивната страна, тие ќе се обидат да направат нешто во таа насока, бидејќи досега притисокот беше исклучиво кон нас.“
Кога ќе им биде на самите евро-дипломати јасно која е всушност неконструктивната страна, тие ќе се обидат да направат нешто во таа насока, бидејќи досега притисокот беше исклучиво кон нас.
Владимир Божиновски, политиколог.

Според Божиновски, прифаќањето на средбата од страна на грчкиот премиер Пападимос, а којашто ја побара уште пред околу три месеци македонскиот премиер, е резултат токму на промената на атмосферата во меѓународната заедница во оваа насока.

Професор Кадриу, пак, одржувањето на контактите го гледа како позитивен чекор, но не и решавачки, па оттука, како што вели, самото демонстрирање конструктивност не е доволно и не може да донесе резултат.

Пападимос се согласи средбата со премиерот Груевски да се одржи на почетокот на март, пред оджувањето на изборите во Грција.

В понеделник во Скопје доаѓа медијаторот во спорот за името Метју Нимиц. Аналитичарите велат дека и на оваа средба претставниците на македонскиот државен врв со кои тој ќе има средби при дводневната посета ќе ја продолжат демонстрацијата на конструктивност како дел од дипломатските напори да се ефектуира хашката пресуда и да се оствари подобра позиција во пресрет на НАТО самитот во Чикаго.
XS
SM
MD
LG