Спротивно од оптимизмот во македонските дипломатски кругови, се погласни се пораките од стручната јавност дека Македонија нема да ја добие поканата за членство на следниот самит на НАТО во Чикаго. Упатените велат дека веќе е повеќе од сигурно дека Македонија нема да се најде на дневниот ред на Самитот, оти тој е утврден неколку месеци пред почетокот на самитот.
Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин вели дека дневниот ред го усвојува Евроатланскиот совет кој го сочинуваат шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата. Ружин вели дека дневниот ред може да биде изменет и дополнет со некоја друга точка ако во меѓувреме се случил некаков меѓународен инцидент што ја засега Алијансата. За други иницијативи од типот дали некоја земја треба да биде членка на таа организација, процедурата е покомплицирана и ретко остварлива, објаснува Ружин.
„Постои можност да на иницијатива
на некоја јака значајна личност од силна држава, како што е на пример да речеме Барак Обама да предложи, еве, Република Македонија зошто да не биде примена под референцата. Разликата помеѓу амбасадорската одлука и одлуката не шефовите на државите и на владите е во тоа што кога донесуваат одлука на ниво на Евроатланскиот совет на ниво на амбасадори, тие мора да бараат зелено светло од главните, кога се работи за шефови на држави и влади коишто се заедно со министрите присутни на Самитот, тие нема од кого да бараат зелено светло, бидејќи тоа се тие што одлучуваат.“
Досега не се случило на некој Самит да се додаде некоја таква точка на дневен ред, вели Ружин. Но она што може да се прави е определено време пред Самитот да почне да се зборува за Македонија и нејзиниот статус во НАТО. Или, пак, по завршувањето на Самитот да се поведе неформален состанок на кој би се донела некаква одлука која би го олеснила пристапот кон членството, вели Ружин.
„И може да ви се случи спротивно, да ни подадат одредени услови кои не сме ги имале за време на Самитот во Букурешт.“
За универзитетскиот професор Никола Дујоски, пак, неоправдан е оптимизмот на македонската дипломатија дека земјава би можела да добие покана во Чикаго. Дујовски вели дека е добро тоа што се лобира за земјава постојано, а не само неколку месеци пред самитот, но според него, веќе е сигурно дека земјава нема да биде спомената од аспект на некакво проширување на Алијансата.
„Грчката страна не води политика во таа насока, добар е оптимизмот што го имаат нашите но лично сметам дека Македонија на тој самит ќе биде спомната во некој друг контекст, а не во контекст на следно проширување на НАТО.“
Оптимизмот и волунтаризмот се добри страни на дипломатијата, но патот на Македонија кон НАТО води низ Атина, заклучува Ружин.
Експертите го повторуваат заклучокот од самитот во Букурешт каде беше кажано дека Македонија ќе стане членка на НАТО кога ќе го реши прашањето за името, и дека тоа не мора да се случи на Самит. И германската амбасадорка во земјава Гудрун Штајнекер, неодамна изјави дека членството во НАТО не е директно поврзано со овој самит и оти тоа може да се случи кога и да е.
Грчката страна не води политика во таа насока, добар е оптимизмот што го имаат нашите, но лично сметам дека Македонија на тој самит ќе биде спомната во некој друг контекст, а не во контекст на следно проширување на НАТО.Никола Дујоски, универзитетски професор.
Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин вели дека дневниот ред го усвојува Евроатланскиот совет кој го сочинуваат шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата. Ружин вели дека дневниот ред може да биде изменет и дополнет со некоја друга точка ако во меѓувреме се случил некаков меѓународен инцидент што ја засега Алијансата. За други иницијативи од типот дали некоја земја треба да биде членка на таа организација, процедурата е покомплицирана и ретко остварлива, објаснува Ружин.
„Постои можност да на иницијатива
Постои можност да на иницијатива на некоја јака значајна личност од силна држава, како што е на пример да речеме Барак Обама да предложи, еве, Република Македонија зошто да не биде примена под референцата.Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО.