Достапни линкови

Надеж дека во Чикаго ќе се разговара и за Македонија


Власта се надева дека Грција нема да се противи прашањето за Македонија да биде ставено на дневен ред на Самитот на НАТО во Чикаго.

Македонските власти се надеваат дека Грција нема да се противи прашањето за Македонија да биде ставено на дневен ред на Самитот на НАТО што треба да се одржи во мај во Чикаго, брифираат во македонското Министерство за надворешни работи.
Од оние разговори што ги имаме, постои очекување, особено во најавите или пристапот што Грција го фаворизира, дека постои простор да има некаква согласност и од грчка страна. Тоа ние не го гледаме во нашите билатерални дискусии со нив, барем досега, но надежта е насочена во тој правец.
МНР.

„Од оние разговори што ги имаме, постои очекување, особено во најавите или пристапот што Грција го фаворизира, дека постои простор да има некаква согласност и од грчка страна. Тоа ние не го гледаме во нашите билатерални дискусии со нив, барем досега, но надежта е насочена во тој правец“, велат во МНР.

На новинарско прашање, дали имало контакти со земји-членки на НАТО, кои би го отвориле прашањето за Македонија, во министерството велат дека не би се ограничувале само на една земја „која би го зела знамето и би не ставила во агендата во Чикаго“.
Координативна средба за името кај претседателот Ѓорге Иванов на 8 јануари 2012 година.
Координативна средба за името кај претседателот Ѓорге Иванов на 8 јануари 2012 година.

„Наша цел не е да создадеме поделба по тоа прашање. Наша цел е да создадеме обединување, односно да ги пренесеме нашите аргументи, и на тоа максимално работиме, дека навистина нема никаков резон, ниту политички, ниту безбедносен, нуту, пак, на билатерално ниво за да се продолжи со опструирање на нешто што е и правно нелегално и политички нема никаква придобивка, ни од аспект на Алијансата, ни од аспект на Грција“, велат во МНР.
Најповиканиот да ги одбрани националните интереси, на четири месеци пред Самитот во Чикаго, ни соопшти дека Македонија нема никакви шанси. СДСМ може само со жалење да констатира дека продолжува една политика на оваа влада која на државата не и нуди ништо ново и не нуди прогрес во евроатлантските структури.
Андреј Петров, СДСМ.

Во министерството велат дека средбите со грчките претставници претставуваат само одолговлекување на решението за спорот со името, што е еден од условите за членство во НАТО и посочуваат дека Грција инсистира на разговори за подобрување на климата, а не се фокусира на конкретни проблеми.

„Сметаме дека можеме многу повеќе да направиме доколку пристапот во дијалогот ни е концентриран на резултати, односно што сакаме да постигнеме. Во овој момент, сите оние средби што се одвиваат на билатерално ниво со Грција, се повеќе фокусирани на форма, а немаат многу суштина“, велат во МНР.

Тие се надеваат дека евентуалната посета на посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на Македонија и Грција може да се искористи за да се добие некаква динамика, зашто во спротивно би останале на „контакти и разговори кои не водат кон надминување на клучната препрека“.

Македонските дипломати посочуваат дека Грција не дава сигнали дека има намера да го смени ставот, но во ситуација кога одбегнува да влезе во суштински разговори земјава се труди да ги убеди партнерите дека од членството на Македонија во НАТО сите ќе имаат корист.

„Сите имаме придобивка од тоа што Македонија ќе стане земја-членка на НАТО, апсолутно сите без никаков исклучок, вклучително и Грција. Силен аспект е тоа што ако ние влеземе во НАТО, Грција ќе се граничи само со членки на НАТО“, велат во МНР.

Тие нагласуваат дека целите на Македонија остануваат исти, членство во НАТО и ЕУ.

Во опозицискиот СДСМ, пак, велат дека опозицијата е исклучена од клучното прашање од национален интерес.

„Најповиканиот да ги одбрани националните интереси, на четири месеци пред Самитот во Чикаго, ни соопшти дека Македонија нема никакви шанси. СДСМ може само со жалење да констатира дека продолжува една политика на оваа влада која на државата не и нуди ништо ново и не нуди прогрес во евроатлантските структури“, вели Андреј Петров од СДСМ.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG