Амбасадорите на САД и на ЕУ денеска беа во посета на општините со мешан етнички состав, каде што живеат голем број Албанци, Арачиниово и Чаир, истовремено со посетата на високиот претставник за национални малцинства на ОБСЕ, Кнут Волебек на земјава. И додека посетата на Волебек директно се поврзува со неодамнешните инциденти во Струга и во струшко и со подгревањето на меѓуетничките тензии, на средбите меѓу градоначалниците и амбасадите, како што се посочува, не било разговарано за меѓуетничките односи.
Американскиот амбасадор Пол Волерс денеска беше во посета на општина Арачиново каде што се сретна со градоначалникот Бастри Бајрами, а в.д. амбасадорот на ЕУ во Македонија Роберт Лидел попладнево беше на средба со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити.
Бајрами вели дека со амбасадорот на САД разговарале за состојбите во општината по влегувањето во втората фаза на децентрализацијата, за завршените и планираните проекти и за економските проблеми во општината. Тој вели дека на средбата не станало збор за меѓуетничките односи.
„Не, не, не, на таа тема апсолутно не сме разговарале“, вели Бајрами.
Во делегацијата на ЕУ во Македонија, пак, велат дека в.д. амбасадорот Лидел бил во редовна посета на општина Чаир, која била планирана подолго време и не е поврзана со актуелни настани. Случајно се погодило посетата на Чаир да се поклопи со доаѓањето на Волебек и посетата на американскиот амбасадор на Арачиново, велат од таму.
Високиот претставник за национални малцинства на ОБСЕ, Кнут Волебек, пак, денеска имаше свое обраќање пред Комитетот за односи меѓу заедниците во македонскиот парламент, се сретна со претставници на МПЦ и на ИВЗ, со претставници на политичките партии, со премиерот Никола Груевски и со претседателот Ѓорге Иванов.
Претседателот Иванов, како што соопштија од неговиот кабинет, истакнал дека поединечни инциденти не можат на ниту еден начин да влијаат или да му наштетат на стабилниот модел на мултиетничка демократија која егзистира во Република Македонија.
Волебек претходно изрази загриженост за неодамнешните инциденти во Струга и струшко, но порача да не се драматизира ситуацијата.
„Мислам дека сето ова е пример кој ни кажува дека е потребно многу малку за да се предизвика пожар во оваа земја поради тензиите кои веќе постојат. Затоа е важно сите владата, локалната самоуправа, медиумите, невладините организации да ги подвлечат и акцентираат суштинските проблеми поврзани со меѓуетничките тензии“, изјави Волебек.
Тој препорачува активна работа во насока на смирување на тензиите и зацврстување на мултиетничкиот карактер на државата во сите сфери на општеството.

Сето ова е пример кој ни кажува дека е потребно многу малку за да се предизвика пожар во оваа земја поради тензиите кои веќе постојат. Затоа е важно сите владата, локалната самоуправа, медиумите, невладините организации да ги подвлечат и акцентираат суштинските проблеми поврзани со меѓуетничките тензии.Кнут Волебек, високи претставник за национални малцинства на ОБСЕ.