Семејното насилство постоело отсекогаш, но разликата последните години е во тоа што жртвите се почесто го пријавуваат и бараат помош, велат учесниците на дводневната обука во Куманово, организирана од Сојузот на жените во Македонија, СОЖМ.
Проектот е на Светската здравствена организација, во рамките на ОН за зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство, финансиран од Кралството на Холандија и Фондот на ОН за елиминација на насилството врз жените, поддржан од нашата Влада.
За ублажување на овој проблем, особено за охрабрување на жртвите на семејното насилство претставници од здравството, образованието, социјалните работници и граѓанските организации заеднички бараат начини за укажување помош на жртвите кога тие ќе имаат потреба. Најсоодветен начин е кога сите институции на системот меѓусебно ќе бидат координирани за најсоодветна и најлесна реакција, смета Савка Тодоровска, претседателка на СОЖМ.
„Семејното насилство е проблем од секогаш, но се надеваме дека нема да биде за секогаш. Токму затоа е и овој протокол изготвен од УНДП, подржан и од Светска здравствена организација, а го донесе и Владата. Заедно сите да се справат со овој несакан проблем кој за среќа го третираат сите во општеството. Ние како невладин сектор се залагаме за да ги откриеме и да ги ницираме решавањара и секогаш процесот да оди се понапред. Има различни видови семејно насилство, но јавувањата се почести бидејќи имаме СОС телефонски линии уште од 1994 година, а имаме бесплатни линии 141 700 од сите три телефонски оператори“, вели Тодоровска.
Таа додава дека институциите во државата, Центрите за социјална заштита, полиција, образование, здравство, заеднички треба да се договараат:
„Како најлесно, наједноставно, најбрзо да се реши проблемот на семејното насилство.“
Фимка Тозија учесник на обуката вели дека целта е:
„Каде првпат да се упати жртвата, како секој врши проценка на семејното насилство, идентификува, ја одредува безбедноста и го одредува видот на семејното насилство. Но и презема соодветни мерки во рамките на своите ингеренции и упатува и во другите релевантни институции за укажување на друг вид заштита. Ако влезе прво во здравство ние ќе ги згрижиме од аспект на примарна, секундарна и терцијарна превенција, а потоа ако е потребно упатуваме до други соодветни институции,“ вели Тозија.
По Куманово, ваква обука следи и во останатите градови во државава кои се опфатени со програмата.
Семејното насилство е проблем од секогаш, но се надеваме дека нема да биде за секогаш. Ние како невладин сектор се залагаме за да ги откриеме и да ги ницираме решавањара и секогаш процесот да оди се понапред.Савка Тодоровска, претседателка на СОЖМ.
Проектот е на Светската здравствена организација, во рамките на ОН за зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство, финансиран од Кралството на Холандија и Фондот на ОН за елиминација на насилството врз жените, поддржан од нашата Влада.
За ублажување на овој проблем, особено за охрабрување на жртвите на семејното насилство претставници од здравството, образованието, социјалните работници и граѓанските организации заеднички бараат начини за укажување помош на жртвите кога тие ќе имаат потреба. Најсоодветен начин е кога сите институции на системот меѓусебно ќе бидат координирани за најсоодветна и најлесна реакција, смета Савка Тодоровска, претседателка на СОЖМ.
Каде првпат да се упати жртвата, како секој врши проценка на семејното насилство, идентификува, ја одредува безбедноста и го одредува видот на семејното насилство. Но и презема соодветни мерки во рамките на своите ингеренции и упатува и во другите релевантни институции за укажување на друг вид заштита.Фимка Тозија, СОЖМ.