И покрај тоа што веќе има случаи на пријавување на ова насилство и веќе не е табу тема дел од жртвите да го пријавуваат, сепак податоците говорат дека многу е поголем бројот на случаите кои не се пријавуваат кај надлежните институции. Координативното тело за превентивни активности во борбата против семејното насилство, кое e формирано на локално ниво, добива поддршка од страна на сите институции и има за цел да влијае во помагање на лицата врз кои се врши насилството.
Во полициската станица во Дебар минатата година се регистрирани 10 случаи на семејно насилство додека една година порано, 19.
„Во 2010 година поднесена е една кривична пријава за семејно насилство, пријавени се 4 поплаки и за 5 случаи се префрлени во центарот за Социјални работи. Споредено со 2009 година, има намалување на појавата, но ако таа година се спореди со 2008 година, има зголемување на бројот на пријавените случаи на насилство. Инаку наша генерална оценка е дека многу е поголем бројот на случаите кои не се пријавуваат“, oбјаснува претставникот на полициската станица, инспекторот по превентива Милаим Абази, кој е и член на координативното тело.
Социјалниот работник при центарот за Социјални работи во Дебар, Исмаил Мерсимовски вели дека е очигледно оти видно расте бројот на случаите на семејното насилство во двете општини Дебар и Центар Жупа и додава дека појавата е присутна, како во градот, така и во селата.
„Бројот на случаите на семејно насилство е многу поголем од оној кој се пријавува. Формирањето на Координативното тело во општините Дебар и Центар Жупа беше повеќе од потребно, бидејќи цел на овие тела е да се дејствува превентивно во намалувањето на појавата и да се зголеми заштитата на жртвите од семејното насилство“, подвлекува Мерсимовски.
Порастот на насилството тој го објаснува со разните причини кои се присутни како во општеството така и во семејството.
„Нарушените брачни односи, социопатолошките состојби, алкохолот, наркоманијата, наголемо влијаат врз зголемувањето на насилството. Исто така одредени традиционални погледи во одредени средини кон насилството, кои сметаат дека тоа е нормален чин, исто така влијаат врз порастот на случаите. Има и појава на насилство од страна на децата врз нивните родители во врска со нерешените имотно правни односи“, вели социјалниот работник и додава дека сега веќе не е табу тема да се проговори и пријави насилство во семејството.
Инаку податоците од Центарот за Социјални работи во Дебар говорат дека за најголемиот број на разводи во двете општини главна причина е семејното насилство.
Во 2010 година поднесена е една кривична пријава за семејно насилство, пријавени се 4 поплаки и за 5 случаи се префрлени во центарот за Социјални работи.
Во полициската станица во Дебар минатата година се регистрирани 10 случаи на семејно насилство додека една година порано, 19.
„Во 2010 година поднесена е една кривична пријава за семејно насилство, пријавени се 4 поплаки и за 5 случаи се префрлени во центарот за Социјални работи. Споредено со 2009 година, има намалување на појавата, но ако таа година се спореди со 2008 година, има зголемување на бројот на пријавените случаи на насилство. Инаку наша генерална оценка е дека многу е поголем бројот на случаите кои не се пријавуваат“, oбјаснува претставникот на полициската станица, инспекторот по превентива Милаим Абази, кој е и член на координативното тело.
Социјалниот работник при центарот за Социјални работи во Дебар, Исмаил Мерсимовски вели дека е очигледно оти видно расте бројот на случаите на семејното насилство во двете општини Дебар и Центар Жупа и додава дека појавата е присутна, како во градот, така и во селата.
„Бројот на случаите на семејно насилство е многу поголем од оној кој се пријавува. Формирањето на Координативното тело во општините Дебар и Центар Жупа беше повеќе од потребно, бидејќи цел на овие тела е да се
Нарушените брачни односи, социопатолошките состојби, алкохолот, наркоманијата, наголемо влијаат врз зголемувањето на насилството. Исто така одредени традиционални погледи во одредени средини кон насилството, кои сметаат дека тоа е нормален чин, исто така влијаат врз порастот на случаите.