Достапни линкови

Американска армија на иднината


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета.
Американскиот секретар за одбрана Леон Панета.

Американското Министерство за одбрана ќе ги намали копнените сили, ќе ги одложи нарачките на нови стелт авиони и постепено ќе ги исфрла од употреба постарите генерации на бродови и авиони. Сето ова е дел од кратењето на скоро 500 милијарди долари од воениот буџет до 2022 година.

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета, обелоденувајќи ги плановите за кратење, на прес-конференцијата во Пентагон, оцени дека станува збор за стратегиска пресвртна точка по декадата на војни и на зголемувањето на буџетот за одбрана од 2001 година.
Решивме дека е важно ова да биде можност за развој на нова одбранбена стратегија за Соединетите Држави и за тоа какви американски воени сили сакаме да имаме во иднина.
Леон Панета,американскиот секретар за одбрана.

„Решивме дека е важно ова да биде можност за развој на нова одбранбена стратегија за Соединетите Држави и за тоа какви американски воени сили сакаме да имаме во иднина. Стратегијата не водеше во правењето низа тешки буџетски кратења и во изборот на нови одбранбени приоритети.“

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета, шефот на американскиот Генералштаб адмирал Мартин Демпсеј
Американскиот секретар за одбрана Леон Панета, шефот на американскиот Генералштаб адмирал Мартин Демпсеј
Кажано со бројки, се предлага бројот на американските војници кој сега изнесува 570 илјади, во следните 5 години да биде намален за 80 илјади.

Маринците би требало да бидат намалени за 10 насто и од сегашните 202 илјади, нивниот број ќе изнесува 182 илјади.

Министерот за одбарана Панета вели дека во буџетот за наредната година кој изнесува 613 милијарди долари биле вклучени и 88 милијарди за борбени операции, пред се во Авганистан. Конгресот во минатата година изгласа намалување на воените трошоци.
Ќе го ребалансираме нашето глобално однесување и присуство за да акцентираме каде мислиме дека ќе има потенцијални проблеми во светот. Пред се тоа значи азиско пацифичкиот регион и Блискиот Исток.

Она што Панета го нарекува „војска на иднината“ треба да биде помала, но и, како што вели, поагилна, пофлексибилна, која може брзо да се распореди и која ќе има технолошка предност. Тој додаде дека фокусот на Пентагон сега ќе биде свртен од војните Ирак и Авганистан врз други делови на светот каде што се појавуваат нови предизвици.

„Ќе го ребалансираме нашето глобално однесување и присуство за да акцентираме каде мислиме дека ќе има потенцијални проблеми во светот. Пред се тоа значи азиско пацифичкиот регион и Блискиот Исток.“

Единствено каде што ќе нема кратења во американската војска, туку напротив, се планира пораст, се специјалните сили, како оние што го извршија убиството на лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен и неделава ослободија двајца хуманитарни работници од сомалиските пирати.

Новинските агенции јавуваат дека Пентагон го прифатил предлогот на шефот на американските специјални операции адмирал Бил МекРавен за распоредување повеќе војници и опрема низ светот со цел тие да можат да интервенираат побрзо.


Панета оцени дека новиот план е балансиран и комплетен. Но, републиканците во Конгресот веднаш искритикуваа некои негови апсекти.

Сенаторот од Тексас Џон Корнин кој е во ресорниот сенатски комитет за оружје изјави дека намалувањето на копнените сили на бројот што бил пред терористичките напади врз Америка на 11 септември 2001 година ќе ја доведе земјата во смртна опасност.

Сенаторот од Аризона Џон МекКејн пак, смета дека планот ги игнорира лекциите од историјата и војската ја прави премала за да може ефикасно да одговори на можните закани во наредните неколку години.

Со ова не се согласува шефот на американскиот Генералштаб адмирал Мартин Демпсеј кој вели дека предложениот буџет нема да води кон никакво намалување на способноста на американската војска.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG